Близнаци и лав – пријателска комбинација

Од сите пријатели коишто ги има, на близнакот најверојатно му е најдраг оној пријател кој е роден во хороскопскиот знак лав. Разиграното срце на лавот, силно „одекнува“ во младешкиот дух кој го има близнакот. Овие двајца пријатели уживаат да прават игра од сè и да се смеат и да муабетат без престан. Всушност, неретко може да им се случи некој од страна да не може да издржи и да им рече да замолчат или да се стишат. Не дека им е целта да вознемируваат некого, туку ентузијазмот со кој овие двајца пријатели разговараат е на превисоко ниво, па така се создава голема галама.Близнаци и лав – пријателска комбинацијаВеселиот близнак претставува одлично друштво за лавот. Вечниот млад дух кој го поседува близнакот, само го надополнува ведриот дух кој го има лавот. Поточно кажано, овие двајца толку многу се претвораат во малечки дечиња кога се заедно, што воопшто не би било изненадување доколку почнат да се тепаат со храна на сред ручек. Секако после војната со храна, близнакот ќе стане и ќе го исчисти подот од разлетаниот грашок на сите страни, додека лавот си ги брише солзите од смеа со салфетка. Во ваква ситуација, лавот е премногу горд за да стане и да го чисти подот, но ја цени волјата на својот пријател што го прави тоа.

На близнакот може да му се здосади од бабинските манири на лавот, додека на лавот може да му дојде прекуглава од неспособноста на близнакот да биде фокусиран на она што го прави. Секако, во поголемиот дел од времето овие двајца пријатели ги игнорираат овие ситници.

Двата знака уживаат да бидат физички активни, па така обожаваат спортови во кои се троши многу енергија, како аеробик или брзо возење велосипеди. Близнакот и лавот сакаат да ги забавуваат, луѓето па често знаат да организираат забави. Дизајнирање облека или декорирање простории се исто така интересни активности кои можат да ги прават овие двајца пријатели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар