Близнаци и девица – љубовна комбинација

Сподели

Кога близнаци и девица ќе стапат во љубовна врска, круцијално за нејзиниот опстанок, е тие да си дадат доволно време да го сфатат погледот кон животот и љубовта кој го има нивниот партнер и да запомнат дека и покрај тоа што нивното гледиште кон работите е сосема различно, сепак е доволно вредно за да се потрудат да го сфатат. Близнаците умеат да ги видат двете страни на секоја приказна и понекогаш не можат да одберат помеѓу двете опции кои им стојат на располагање, поради што честопати другите ги оценуваат како дволични луѓе. Во овој контекст, врската помеѓу овие партнери, особено би се зајакнала доколку стабилната девица му даде цврста емоционална потпора на едниот близнак, а на другиот му дозволи постојано да се колеба и премислува.Близнаци и девица – љубовна комбинацијаДевицата може да биде понекогаш сериозна повеќе одошто треба и да очекува премногу од близнакот, а тоа може нему да му претставува проблем, особено доколку нивната врска е сè уште млада, пред тој да е длабоко приврзан за партнерот. Доколку девицата ù даде доволно време на врската да се развива по нејзиниот природен тек, ќе забележи дека нештата ќе се „измазнат“ сами по себе.

Тотално спротивставените погледи кон животот на девицата и близнакот, може да претставуваат проблем во поглед на нивното меѓусебно разбирање, особено бидејќи девицата има тенденција честопати да биде премногу критична, напорна и комплицирана, а близнакот во таквите ситуации веднаш почнува да се бори и да покажува отпор. Практичните ставови кои ги има девицата, одат во контраст со колебливоста на близнаците. Како и да е, овие двајца партнери имаат многу нешта да се научат еден со друг. Девицата може да му помогне на близнакот да ги погледне длабочините на животот, да ја размисли суштината на идеите, а не само да „плива на површината“. Близнакот од своја страна, може да ù внесе на девицата забава и возбуда во нејзиниот живот.

Девицата и близнаците се предводени од планетата Меркур (комуникација). Близнакот го прикажува машкиот аспект на оваа планета, а девицата женскиот (Меркур сама по себе е двополова). Девицата е во потрага по постојан љубовен партнер и таа има способност да води јасни разговори, кои ќе ù овозможат одлично формирање на врската. Близнакот е повеќе насочен кон интелектуалните работи во животот, но и тој има дарба за формирање добри односи со другите луѓе.

Девицата е практична, директна и прецизна. Таа себеси се запрашува: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“ Близнакот, пак, кој се движи низ животот потпирајќи се на сопствениот мозок, не си го троши времето фокусирајќи се на тоа кон што е насочен, туку едноставно оди секаде онаму каде што неговиот ум го води. Раздразливата, критична природа на девицата и отсутноста, незаинтересираноста и своеволието на близнакот, може да предизвикаат недоразбирања и проблеми помеѓу овие партнери. Девицата мора да сфати дека флертувачката природа на близнакот, нема никакво влијание врз неговите чувства во однос на нивната врска, а тој пак од своја страна, мора да помогне во тој процес, преку зборови и дела.

Среќна околност во љубовната врска помеѓу девица и близнаци, е тоа што и двата знака имаат многу флексибилна природа, поради која се способни да се прилагодат на секоја моментална промена. Двајцата знаат понекогаш да бидат колебливи, близнаците поради нивното вечно интелектуално „џвакање“ на работите, а девицата поради нејзината наклоност кон аналитичко размислување, наместо кон акција.

Најдобриот аспект од врската помеѓу овие двајца љубовни партнери е сигурноста која тие меѓусебно си ја овозможуваат, а таа ќе се создаде само доколку девицата му ја препушти на близнакот слободата, сам да реши дали сака да се „врзе“ или не. Сè додека овие партнери правилно ги користат нивните комуникациски вештини за меѓусебни отворени разговори, нивната врска ќе функционира беспрекорно.

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bliznak Reply

    katastrofalna kombinacija,jas kako bliznak,opkruzena so roditel,prijateli bliski i licnosti od sprotivniot pol koj sto se vo znakot na devica se TOTALNO drug svet od mene,i sekoja diskusija se pretvora vo raspravija bidejki se stvarnoo komplicirani(za mojot karakter kako tipicen bliznak) i premnogu principielni…strasna sprotivnost…i koj parovi so ovie dva znaka funkcioniraat besprekorno stvarnooo golemo BRAVO…. sovet do do site (tipicni)gemini…barajte vodolija vaga ili oven…begajte od shkorpii devici i OSOBENO ribi…. ;) od goooolemo moe i tugo iskustvo i mnogu chitanje literatura za znacite:))) pozz do kafe pauza

  2. Име Reply

    Јас сум близнак а се разведов од водолија

  3. l Reply

    Bi se slozila so toa deka DEFINITIVNO sme sprotivnost eden na drug…

  4. Име Reply

    jas kako tipicen nepredvidliv bliznak funkcionirav so devica 5 godini … ama funkcionirav :D …. moze horoskopite ne ni se pogodile ,,, pa sega podobro si funkcioniram singje heheh

  5. IME Reply

    jas kako horoskopski znak Bliznak imam pogolem brat koj e Devica so nego sekogas naogame po nekakvi maani i se privlekuvame do kavgi :D mozebi horoskopskite znaci ne ni se kako sto treba ;)

  6. aloaa Reply

    hahah bas mi se dopaga ovaa kombinacija…. jas sum bliznak ona devica 4godini sme zaedno se si funkcionira kako sto treba i bas mi se dopaagaat devicite :D

  7. нана Reply

    и јас сум близнак а партнерот девица во врска бевме 13 години и сега 4 години во брак па вие сега видете како функционира близнак и девица

  8. tanja Reply

    Devicite patrijahalni i principielni, a bliznacite se znae najdobri… ako se ima razbiranje od dvete strani se ke funkcionira normalno… zosto kaj mene e taka…pozzz

  9. ana Reply

    Katastrofalna kombinacija…..ednostavno ne funkcioniraat zaedno!

  10. Saso Reply

    Bliznak sum i bev vo vrska okolu 12 godini so devica. Sega sme vo brak 4 godini. Stvarno e teska kombinacija, nekoi raboti sto gi procitav potpolno ja okarakteriziruvaat nasata vrska. Licno sum uveren deka: Naporni se, slabo rezoniraat i mislat deka zivotot e zadaca sto tie ke mozat da ja resat. Nedaj boze da ti treba brza reakcija od devica

  11. Mina Reply

    jas sum bliznak…koja bev 20 godini vo brak so devica ali tie 20 godini za mene bea crni i teski godini,devicata e lezi lebu da te jadam,ili koga imam masha zasto da goram race.Devicata e najgolem neprijatel sam na sebe,neznae sto saka a najmalkui pak da resi nekakov problem,ne deka bliznakot e cvejke za mirisanje ali ne dotolku kolku devicata.Bliznak i Devica katastrofalna kombinacija

  12. Ema Reply

    ahahh bravo saso me iznasmea!

Остави коментар