Близнаци и девица – љубовна комбинација
Кога близнаци и девица ќе стапат во љубовна врска, круцијално за нејзиниот опстанок, е тие да си дадат доволно време да го сфатат погледот кон животот и љубовта кој го има нивниот партнер и да запомнат дека и покрај тоа што нивното гледиште кон работите е сосема различно, сепак е доволно вредно за да се потрудат да го сфатат. Близнаците умеат да ги видат двете страни на секоја приказна и понекогаш не можат да одберат помеѓу двете опции кои им стојат на располагање, поради што честопати другите ги оценуваат како дволични луѓе. Во овој контекст, врската помеѓу овие партнери, особено би се зајакнала доколку стабилната девица му даде цврста емоционална потпора на едниот близнак, а на другиот му дозволи постојано да се колеба и премислува.
Девицата може да биде понекогаш сериозна повеќе одошто треба и да очекува премногу од близнакот, а тоа може нему да му претставува проблем, особено доколку нивната врска е сè уште млада, пред тој да е длабоко приврзан за партнерот. Доколку девицата ù даде доволно време на врската да се развива по нејзиниот природен тек, ќе забележи дека нештата ќе се „измазнат“ сами по себе.
Тотално спротивставените погледи кон животот на девицата и близнакот, може да претставуваат проблем во поглед на нивното меѓусебно разбирање, особено бидејќи девицата има тенденција честопати да биде премногу критична, напорна и комплицирана, а близнакот во таквите ситуации веднаш почнува да се бори и да покажува отпор. Практичните ставови кои ги има девицата, одат во контраст со колебливоста на близнаците. Како и да е, овие двајца партнери имаат многу нешта да се научат еден со друг. Девицата може да му помогне на близнакот да ги погледне длабочините на животот, да ја размисли суштината на идеите, а не само да „плива на површината“. Близнакот од своја страна, може да ù внесе на девицата забава и возбуда во нејзиниот живот.
Девицата и близнаците се предводени од планетата Меркур (комуникација). Близнакот го прикажува машкиот аспект на оваа планета, а девицата женскиот (Меркур сама по себе е двополова). Девицата е во потрага по постојан љубовен партнер и таа има способност да води јасни разговори, кои ќе ù овозможат одлично формирање на врската. Близнакот е повеќе насочен кон интелектуалните работи во животот, но и тој има дарба за формирање добри односи со другите луѓе.
Девицата е практична, директна и прецизна. Таа себеси се запрашува: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“ Близнакот, пак, кој се движи низ животот потпирајќи се на сопствениот мозок, не си го троши времето фокусирајќи се на тоа кон што е насочен, туку едноставно оди секаде онаму каде што неговиот ум го води. Раздразливата, критична природа на девицата и отсутноста, незаинтересираноста и своеволието на близнакот, може да предизвикаат недоразбирања и проблеми помеѓу овие партнери. Девицата мора да сфати дека флертувачката природа на близнакот, нема никакво влијание врз неговите чувства во однос на нивната врска, а тој пак од своја страна, мора да помогне во тој процес, преку зборови и дела.
Среќна околност во љубовната врска помеѓу девица и близнаци, е тоа што и двата знака имаат многу флексибилна природа, поради која се способни да се прилагодат на секоја моментална промена. Двајцата знаат понекогаш да бидат колебливи, близнаците поради нивното вечно интелектуално „џвакање“ на работите, а девицата поради нејзината наклоност кон аналитичко размислување, наместо кон акција.
Најдобриот аспект од врската помеѓу овие двајца љубовни партнери е сигурноста која тие меѓусебно си ја овозможуваат, а таа ќе се создаде само доколку девицата му ја препушти на близнакот слободата, сам да реши дали сака да се „врзе“ или не. Сè додека овие партнери правилно ги користат нивните комуникациски вештини за меѓусебни отворени разговори, нивната врска ќе функционира беспрекорно.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
