Бик и девица – пријателска комбинација

Сподели

Ова е едно прекрасно пријателство, во кое има многу нежност, среќа и чувство на сигурност кај двете страни. Бикот ја почитува способноста на девицата за брзо решавање на проблемите, додека девицата ја почитува способноста на бикот за снаоѓање со финансиите. Бикот ја обожава искреноста на девицата, додека таа ја почитува неговата лојалност.Бик и девица – пријателска комбинацијаОвие двајца пријатели ја почитуваат природата и уживаат во долгите разговори пешачејќи низ паркот заедно. Исто така, вистински знаат да уживаат во заеднички оброк во природа, но само под услов да носат многу салфетки, дезинфектор за раце и кеси за ѓубре (ова е поради преголемата педантност на девицата). Бикот треба помалку да се лути на претераната педантност на девицата, бидејќи од друга страна таа треба да се справува со неговата тврдоглавост. Овие два знака исто така, можат да уживаат и во градинарство, готвење и во изработување украси или скулптури од глина.

Девицата и бикот имаат природен афинитет еден кон друг. Лојалната и љубезна природа на бикот ѝ дава чувство на комфор на девицата. Воедно, бикот ја цени готовноста на девицата да му понуди помош, секогаш кога му е потребна. Понекогаш девицата смета дека бикот е премногу безгрижен, додека тој смета дека девицата е премногу невротична. Бидејќи станува збор за два земјени знака, овие пријатели ќе уживаат во спортови како качување по планини и пешачење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар