Ултрамодерните канцеларии на „MTV“ во Берлин

Канцелариите на најпозната музичка телевизија „MTV“ во Берлин се комплетно редизајнирани од германската агенција „Dan Pearlman“. Новоорганизираните канцеларии, сали за состаноци и соби за рекреација се приспособени да ги задоволат модерните побарувања.
Ултра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинНајважна карактеристика на овој простор е балансот кој се одржува на границата помеѓу работна и животна средина. Атриумот на првиот кат е вратен во живот, со внимателно одбран, забавен и колоритен мебел. Салите за јадење и состаноци собираат околу 250 луѓе, па при нивната изработка било важно, новонаправениот простор не само да ги зближи луѓето во комфорна зона, туку и да воспостави конекција помеѓу модерниот стил на светски познатата мрежа и ентериерот.
Ултра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинСега вработените имаат поголема слобода на движење во овој отворен и уникатен простор, во кој исто така можат да се најдат и приватни места за мир и тишина. Очигледно момците од „Dan Pearlman“ одлично ја завршиле својата работа, создавајќи релаксирачки работен простор во кој секој би посакал да работи.
Ултра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во БерлинУлтра модерните канцеларии на „MTV“ во Берлин

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар