14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега - Part 2

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

8. Во „Рататуи“ (Ratatouille) ја има сенката од кучето од „Горе“ (Up)

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Реми, главниот лик во „Рататуи“, во еден момент наидува на сенка од куче. Додека го правеле овој анимиран филм, Дизни имале само идеа за „Горе“. Појавата на Даг, кучето од идниот цртан, е шега и најава за следниот проект за обожавателите.

9. Кадифената играчка што паѓа од ранецот на професорот во „Тарзан“ е всушност Малиот брат, кучето од „Мулан“

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Аниматорите од Дизни обожаваат да се шегуваат, а тоа најчесто го прават така што во новите цртани додаваат елементи од претходните. Само највнимателните гледачи би можеле да ги забележат ваквите детали.

10. Тијана е единствената Дизни хероина која има вистинска работа

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Обидете се да се сетите на сите Дизни хероини и ќе видите дека ниту една од нив нема вистинска работа. Сите се или принцези или ќерки на поглавари или обични девојки кои живеат со нивните родители. Па добро, може да се каже дека Пепелашка имала работа, но тоа не може да се смета за вистинско вработување.

11. ВОЛ-И го добил името по самиот Дизни

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Главниот лик од најромантичниот Дизни цртан „ВОЛ-И“ (WALL-E) го добил името по легендарниот основач на Дизни студијата – Волтер, односно Волт Дизни.

12. Актерите кои ги позајмувале гласовите на Мики и Мини Маус биле венчани во вистински живот

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Вејн Алвин и Руси Тејлор ги позајмувале гласовите на нашите омилени ликови речиси 32 години, а во 1991 година, актерите се венчале и живееле среќно околу 20 години.

13. Покахонтас е единствената хероина со приказна инспирирана од вистински настани

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Некои можеби сметаат дека и Мулан била вистинска личност, но тука станува збор за лик од древна кинеска поема, додека, пак, приказната за Индијанката навистина се случила.

14. Само Мулан и Јасмин носат панталони

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега

Повеќето Дизни хероини изгледаат како вистински принцези. Сите носат прекрасни фустани. Само Мулан и Јасмин од „Аладин“ биле доволно „храбри“ за да облечат панталони.

Доколку сте вистински љубители на Дизни, прочитајте ги оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар