Зошто треба веднаш да си се извините на себе за сите грешки?

Дали и вие честопати на другите им придавате поголема вредност, притоа ставајќи се себе на страна? Ако е така, тогаш ќе морате да си се извините на самите себе. Извинете си се за сите моменти кога сте ја ставале туѓата среќа пред својата. Ова не е себичност. Едноставно не можете да го живеете животот во целост кога на другите постојано им велите „да“, а мислите „не.“ Правете ги работите затоа што сакате, не затоа што мислите дека мора да ги направите. Запаметете дека вие не сте родени да молите никого.

Извинете си се на себе што не го живеете животот што го заслужувате!

Си должите извинување за сите оние моменти кога не сте ги оствариле своите очекувања и кога сте вложувале максимум од себе во нешто што реално и не сте сакале да го постигнете. Исто така не заборавајте ги оние работи кои сте требале да ги направите, но не сте го сториле тоа бидејќи сте се плашеле од неуспех. Потсетете се на оние зборови кои требало да ги изговорите, но не сте ни почнале затоа што сте се плашеле да не бидете одбиени. Имате многу можности, искористете барем една. Треба да си се извините на себе за секогаш кога сте се споредувале со другите, кога сте мислеле дека не сте доволно паметни, убави или талентирани. Сите луѓе се со различни карактери и способности, а вие сте нешто повеќе од личноста која ја гледате во огледалото или од она што мислите дека сте.

Си должите извинување на себе за сите оние моменти кога повторно и повторно сте плачеле за едно исто момче, од исти причини. Никогаш не треба да молите за љубов. Никогаш не треба да трчате по некој кој постојано ви бега. Заслужувате некој кој ќе остане покрај вас, затоа не дозволувајте некој да ја уништи вашата замисла за љубовта. Никогаш не извинувајте се затоа што сте сакале премногу, туку извинете си се на себе затоа што не сте сфатиле кога треба да заминете.

Извинете си се на себе што не го живеете животот што го заслужувате!

Но, најмногу од сѐ си должите извинување за сите оние моменти кога сте се потценувале самите, кога сте мислеле дека не сте достојни за другите. Во ред е да чувствувате болка, да плачете или повремено да бидете слаби, но, на крајот од денот, треба да соберете храброст и повторно да застанете на нозе.

За крај, извинете си се на себе затоа што не го живеете животот кој го заслужувате. Вие сте достојни за тоа. Вреди да ризикувате и никогаш не извинувајте се што сте се обиделе!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар