Шминка за уши: Би го пробале ли овој нов храбар тренд?

Се чини дека новите трендови во шминкањето никогаш не стивнуваат. Откако го видовме шарениот свет на маскарата, ни дојде уште еден нов тренд кој вклучува шминкање на увото. Всушност, уметноста зад овој вид шминка е тренд за убавина кој е доста популарен на Инстаграм. Според Мари Клер, овој тренд започнал пред две години благодарение на мејкап артистот Том Печо, за време на Париската модна недела, а од тогаш е користен и од повеќе шминкери кои на Инстаграм демонстрираат како да го направите тоа.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Очигледно е дека шминкањето на увото е тренд и на модната недела и кај шминкерите, но што е со нас, обичните луѓе? Би се осмелиле ли и вие да го следите овој тренд или сепак ќе го испробате само во приватноста на вашиот дом? Не можете да знаете дали ви одговара сѐ додека не се обидете. Па, доколку сте желни да видите како би изгледале со шминка на увото, во продолжение погледнете неколку начини кои ќе ви покажат како да го направите тоа.

1. Користете светкава сенка

Изберете две нијанси на бои: Бакарна и златна. Започнете со нанесување боја од страната на увото. Комбинирајте ја според тоа како ви одговара, а имајте ја предвид и бојата на вашата коса.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Препорачливо е да избегнувате користење златни или жолти сенки во внатрешноста на увото, за тоа да не изгледа нечисто. Потоа, со помош на тврда четка додајте сјај колку што сметате дека ви е потребен.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Но, овој изглед дефинитивно не е наменет за секојдневието, па доколку сакате да го испробате, тогаш зачувајте го за некој посебен настан.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

2. Прецизна линија

Следниот начин на кој можете да го нашминкате вашето уво, е инспирација од Инстаграм профилот на Виолет Серет, односно од нејзината шминка која изгледа како да имате накит на увото. Користете го омилениот ајлајнер и прецизно повлечете линија што ќе ги следи неговите линии. Ваше е како сакате да го направите ова.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Потоа, земете водоотпорна сенка во розово-златна боја (или друга боја по ваша желба) и со мала четка нанесете врз исцртаната линија.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Овој изглед делува попривлечно од претходниот затоа што вака ќе добиете повеќе внимание. Од далеку изгледа како да носите накит, но од блиску луѓето ќе може да ја забележат вашата уметност.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Сепак, обидете се со ова само доколку имате многу трпение и стабилна рака.

3. Манжетни на увото

Овој начин на шминкање е инспириран од изгледот на Том Печо на Ентони Вакарело во 2014 година и тоа не е особено тешко за да се постигне. Користете ајлајнер за да го обоите долниот дел од вашето уво.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Може да додадете малку сјај, но не користете производи кои содржат масло, затоа што тие ќе ја уништат бојата.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Овој начин не одзема многу време, а изгледа привлечно.

Нов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?

Па, доколку сте храбри, испробајте го овој тренд и забележете како останатите ќе реагираат на вашиот нов изглед!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар