Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

Интернет просторот денес е преплавен со инспиративни мисли, кои имаат за цел да направат да се чувствуваме поубаво и посреќно. Некои од нив толку многу се повторуваат, што веќе стануваат досадни и банални. Затоа, за вас решивме да ги сублимираме најдобрите цитати и да ги претвориме во едноставни животни правила, според кои може да се водите.

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

1. Постанете личност каква што сакате да бидете бидејќи секој ден ќе се среќавате со себеси.

2. Останете доследни на бидејќи никој не ги почитува следбениците.

3. Телото нека ви биде храм.

4. Однесувајте се убаво кон родителите. Можеби не им преостанува уште многу време.

5. Кога ќе наидете на љубов, прифатете ја бидејќи ретко доаѓа.

6. Одете по патот што самите ќе го изберете, а не по општоприфатениот.

7. Делете го богатството бидејќи не ви вреди ако сами го трошите.

8. Среќата не ја мерете во предмети. Може да се скршат.

9. Не заборавајте ги оние што ви помогнале. Тие помнат што направиле за вас.

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

10. Помогнете им на оние што бараат помош. Никогаш не знаете кога вам ќе ви притреба.

11. Не размислувајте премногу бидејќи повеќето проблеми настануваат од премногу размислување.

12. Кажувајте само убави нешта бидејќи лошите зборови создаваат уште полоши непријатели.

13. Следете го срцето. Не постои подобар патоказ.

14. Давајте благодарност оти е полесно од молење за прошка.

5. Никогаш не лажете. Секогаш може да ве фатат во лага.

16. Кажете ѝ на мама дека ја сакате. Само тоа ѝ е доволно.

17. Кога ви се пее – пејте. Нека ви го чујат гласот.

18. Танцувајте како никој да не гледа.

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

19. Секогаш велете „Те сакам“. Не постои друг еквивалент.

20. Не тагувајте за она што поминало оти и онака е веќе поминато.

21. Заборавете ги оние што ве повредиле затоа што тие сигурно веќе не се ни сеќаваат.

22. Не понижувајте никого. Не знаете кој би можело да ви притреба еден ден.

23. Со пријателите бидете блиски, а со непријателите уште поблиски.

24. Легнувајте си порано бидејќи наутро полесно ќе се разбудите.

25. Секогаш гледајте на светлата страна. Освен, ако нема уште посветла.

26. Не судете според првиот впечаток бидејќи луѓето не престануваат да изненадуваат.

27. Очекувајте го најлошото бидејќи подобро е да се изненадиш, отколку да се разочараш.

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

28. Простете им на оние што ве повредиле оти вака само себеси се повредувате.

29. Никогаш не следете ја толпата. Вие сте подобри.

30. Не судете според убавиот изглед бидејќи не е вечен.

31. Поставувајте прашања. Тие се предвесници на одговорите.

32. Почитувајте ги постарите во семејството оти се попаметни.

33. Изградете си свој пат во животот бидејќи само така ќе успеете да стасате онаму каде што сте замислиле.

34. Јадете повеќе овошје.

35. Помнете ги само убавите нешта оти неубавите создаваат чир.

36. Работете напорно бидејќи мрзливоста не носи ништо добро.

Заборавете на инспиративните цитати и погледнете ги следниве животни правила!

37. Имајте големи соништа оти малите не вреди да се следат.

38. Почнете денес. Утре веќе ќе биде предоцна.

39. Размислувајте со сопствена глава бидејќи сте попаметни од другите.

40. Бидете идеалист бидејќи никој не сака реалист.

41. Пред да кажете нешто, размислете два пати.

42. Не сфаќајте го животот пресериозно бидејќи ќе испаднете будала кога ќе му дојде крајот.

43. Бидете добар пријател. На светот му се потребни такви луѓе.

44. Луѓето гледајте ги во очи. Сѐ друго е знак на непочитување.

45. Бидете среќни оти во тоа е целата суштина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Алекс Reply

    Без разлика на се што имате наведено геишите се едноставно ороспии! DIE HARD

  2. pcelka Reply

    premnogu jazicni greski za diplomiran preveduvac, pa uste i perfekcionist! 🙁

Напиши одговор на pcelka Откажи одговор