10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Постојат голем број работи кои секојдневно ги гледаме наоколу, а не знаеме за што точно служат. На прв поглед изгледаат сосема бескорисно, но сите тие имаат скриени намени. Во продолжение прочитајте за намената на следниве неколку работи, која сигурни сме дека никогаш не би ја погодиле…

1. Копчето во задниот дел на кошулата

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Постојат три можни објаснувања за ова. Првото е најочигледно, односно за закачување на кошулата. Второто објаснување е дека порано се користело како помагало за да се зацврсти вратоврската. Третата идеја е најромантична. Еден студент од Универзитет во Америка го отстранил овој дел од кошулата кога започнал врска со една девојка, за да покаже дека е зафатен. Девојката, пак, почнала да носи шал со симболот на неговиот универзитет.

Цилиндарот на кабелот од полначот за лаптоп

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Сигурно сте го забележале ова кога сте користеле лаптоп. Неговата функција е да ги потиснува звуците со висока фреквенција во електричните кола. Направено е на многу едноставен начин: Делчето е изработено од железо и околу него е намотан кабелот.

3. Малото дупче на прозорецот во авион

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Рамките на прозорците во авионот се направени од две парчиња пластично стакло. Кога би била сама, внатрешната стаклена рамка би можела да пукне поради значителната разлика на притисокот во авионот и надвор. Малечката дупка му овозможува на воздухот да се движи помеѓу авионската кабина и просторот меѓу двете рамки, така што го изедначува притисокот.

4. Синиот дел од гумата за бришење

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Ако прашате некого зошто постои синиот дел од гумата, ќе ви одговори дека е за да брише пенкало. Но, тоа не е вистина. Оригиналната намена била да отстранува траги од подебела хартија. Розовиот дел честопати остава траги од она што било напишано на хартијата, додека, пак, синиот дел брише сѐ. Производителите на гуми набрзо откриле дека луѓето не ја разбрале вистинската намена и почнале да го промовираат синиот дел од гумата како дел чија намена е да брише траги од пенкало. Отишле толку далеку што некогаш дури и го обележувале со слика од пенкало.

5. Хоризонталните дупчиња на копчињата од кошулите

10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

Уште една мистерија поврзана со кошулите: Зошто дупчињата на најгорните и најдолните копчиња од кошулата се хоризонтални, додека сите останати се вертикални? Објаснувањето потекнува од фактот што копчињата на овие две места најмногу се откопчуваат. Хоризонталните дупчиња го отежнуваат нивното откопчување, за разлика од вертикалните.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар