7 знаци дека сте многу интелигентни иако можеби не мислите така

Интелигенцијата не се крие секогаш во тоа колку книги имаме прочитано или кој факултет го имаме завршено. Таа може да се најде и во практичните вештини, талент за музика, па дури и талент за спорт. Интелигенцијата е комплексна, што значи дека придавката „интелигентен“ може да се однесува и на луѓе кои не сте ги сметале за многу паметни. Луѓето понекогаш мислат дека не се паметни само затоа што не можат да се вклопат во одредена категорија, а тоа воопшто не е точно. Дури и ако не се чувствувате паметни, прочитајте ги следните 7 знаци кои се доказ за тоа дека сте поинтелигентни отколку што мислите.

7 знаци дека сте многу интелигентни иако можеби не мислите така

1. Строги сте кон себеси

Една од најлошите работи што може да ви се случи е да не разберете нешто. За паметни луѓе како што сте вие, неверојатно фрустрира моментот кога ќе налетате на нешто што не можете веднаш да го разберете. Зошто е тоа така? Тоа е така затоа што обично сите работи ги разбирате со леснотија, така што кога нема да можете нешто веднаш да дешифрирате се чувствувате лошо поради сопствената интелигенција.

2. Активни сте

Паметните луѓе обично знаат што се случува во светот околу нив и секојдневно гледаат вести и читаат весници. Дури и кога немате време, веројатно наоѓате по некоја минута за набрзина да прелетате преку Твитер или Фејсбук за да бидете во тек со настаните.

3. Несфатени сте

Можеби вашата смисла за хумор е премногу префинета. Можеби вашиот речник е премногу напреден. Вие постојано морате да се објаснувате некому. Каква и да е ситуацијата, интелигентните луѓе честопати не се сфатени од околината. Тоа не е ваша грешка, тоа е само начинот на кој паметните луѓе проаѓаат во животот.

4. Вашите пријатели се паметни

Паметните луѓе сакаат да бидат во друштво на паметни луѓе. Кој би сакал да се дружи со луѓе кои не ги разбираат неговите шеги? Вашите пријатели ве разбираат и она што го зборувате им е блиско. Тие се паметни, а со оглед на тоа што многу често важи изреката: „Со кој си, таков си“, голема е веројатноста и вие да сте паметни како нив.

7 знаци дека сте многу интелигентни иако можеби не мислите така

5. Очекувате многу од себе

Од паметните луѓе се очекуваат големи работи. Дури и кога биле деца, од нив се очекувало да бидат најдобри или помеѓу првите во класот. Токму поради тоа паметните луѓе често имаат големи планови за иднината. Без разлика дали се работи за упис на факултет или за градење кариера, вие веројатно планирате големи работи за себе. За што и да станува збор, очекувајте дека ќе остварите сѐ што сте замислиле.

6. Сакате игри

Многу паметни луѓе уживаат во игри бидејќи тие вклучуваат работи кои треба да се откријат, а ним им важен натпреварувачкиот дух. На пример, голем број паметни луѓе уживаат во решавање крстозбор, играње карти и друштвени игри. Овие игри бараат концентрација и размислување што им годи на паметните луѓе како вас. Кога играте нешто, вие размислувате дури и кога сте на пауза.

7. Ви имаат кажано дека сте паметни

Многу паметни луѓе не сакаат да се сметаат себеси за паметни. Тоа го сфаќаат како фалање, но вистината е дека станува збор за факти. Луѓето сигурно ви имаат кажано дека сте паметни, а интелигенцијата добива многу внимание, особено на работно место или на училиште. Прифатете ја вашата интелигенција и уживајте во неа!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар