Водич за носење машки оксфордки

Оксфордките се задолжителен дел од гардеробата на секој маж кој сака да изгледа за нијанса поелегантно од другите во каква било прилика. Прочитајте ги овие совети за да знаете во која ситуација за каков пар треба да се одлучите со цел да изгледате одлично.

Според приликата:

1. За формални прилики

Оксфордките се совршени за комбинирање со елегантна облека која овозможува поформален изглед. Во приликите кога дрес кодот ви го налага тоа, не можете да згрешите со нив. Ќе изгледате елегантно кога носите струкиран триделен костум со црни оксфордки. Гледајте сакото да има џеб и вратоврската добро да ви одговара.

Водич за носење машки оксфордки

2. Кежуал варијанта

Оксфордките одговараат и кога сакате да постигнете секојдневен кежуал изглед кој малку ќе отскокнува од другите. Носете ги со фармерки и блејзер и гледајте ногавиците да не го покриваат горниот дел на чевлите. Похрабрите можат и малку да ги подвиткаат панталоните за да им се гледаат чорапите.

Водич за носење машки оксфордки

Според бојата:

1. Темно кафеави оксфордки

Тие се совршен избор за комбинирање со сив, темно син или темно кафеав костум. Ваквата боја ќе направи да се издвојувате од другите.

Водич за носење машки оксфордки

2. Светло кафеави оксфордки

Тие се одличен избор за речиси секаква облека. Добро одговараат со фармерки и чино панталони во опуштена варијанта.

Водич за носење машки оксфордки

3. Црни оксфордки

Комбинациите со црни оксфордки додаваат елеганција на вашиот изглед. Тие се очигледниот избор за формални прилики, како што веќе споменавме.

Водич за носење машки оксфордки

4. Уникатни оксфордки

Похрабрите можат да си купат и еден пар оксфордки со уникатен изглед. Оние со броги или уникатна текстура се интересен избор.

Водич за носење машки оксфордки

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар