Вистинските пријатели нема да ви дозволат да возите пијани

Вистинските пријатели нема да ви дозволат да возите пијани

За жал, честопати сме сведоци на сообраќајни несреќи предизвикани од пијани возачи. Пиењето и возењето не одат заедно, особено кај оние кои не научиле како да пијат одговорно. Добрите пријатели може да бидат од огромна корист во овие ситуации. Па, бидете добар пријател и направете ги овие неколку работи кога ќе забележите дека некој не е способен да седне зад волан.

Вистинските пријатели нема да ви дозволат да возите пијани

1. Бидете наметливи

Понекогаш сѐ што треба да направите е да го прашате вашиот пријател или пријателка дали е во состојба да вози. Честопати ќе ви каже дека е во ред, но во некои случаи тој/таа ќе ја согледа ситуацијата и ќе сфати дека е премногу пијан/а за да вози. Како и да е, бидете наметливи и понудете се да го/ја однесете дома.

2. Соберете повеќе пријатели

Доколку не можете да се справите сами, викнете ги и останатите пријатели и убедете го/ја дека е премногу пијан/а за да вози.

3. Понудете им уште пиење

Можеби ова ви звучи чудно, но доколку му/ѝ понудите уште една чашка алкохол, вие ќе се задржите подолго и ќе имате време да испланирате друг алтернативен превоз до дома.

4. Организирајте превоз

Доколку сте домаќин на забавата, тогаш дајте им до знаење на вашите пријатели дека треба да дојдат со автобус или со такси, наместо со сопствен автомобил. Така, тие нема да планираат да возат на враќање и дефинитивно ќе се вратат дома здрави и живи.

Вистинските пријатели нема да ви дозволат да возите пијани

5. Земете им ги клучевите

Понекогаш вашиот пријател може да инсистира и да тврди дека е во состојба да вози, но, вие подобро знаете каква е неговата ситуација, па единствената опција е да му ги земете клучевите од автомобилот.

6. Бидете им личен шофер

Доколку вие не планирате да пиете алкохол, понудете им на другите пријатели да ги однесете дома. Така, секој ќе може да пие колку што сака, а вие ќе бидете сигурни дека сите ќе стигнат дома безбедно.

7. Викнете им такси

Ако не можете да најдете друг превоз, таксито е секогаш ваша опција. Бидејќи пијаниот пријател не е во состојба свесно да расудува, бидете тука до него или неа и платете им превоз до дома.

8. Понудете им да преспијат кај вас

Кога вашите пријател или пријателка се пијани, една од најдобрите опции да се осигурите дека ќе бидат безбедни, е да им понудите да преспијат кај вас. Така, наредниот ден ќе се вратат дома сигурно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар