Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум

Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум

Со историја која се протега назад до колонијалните времиња во Америка, топлиот рум со путер е класичен пијалак за зимскиот период. Традиционално се прави со путер, шеќер, темен рум и зовриена вода, кои едноставно само се ставаат во шолја и се мешаат – иако на овој начин путерот често се одделува од останата смеса, оставајќи мрсен вкус.

(0) Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум

За среќа, постојат неколку едноставни чекори кои можат да го трансформираат овој стандарден пијалак во извонредно алкохолно задоволство кое е совршено за ладното време. Со употреба на миксер за да се измешаат путерот и шеќерот заедно со зачините како морско оревче, цимет и каранфилче, пијалакот станува похомоген, без да се чувствува маснотијата од путерот. Исто така, бидејќи тој е направен од шеќер, путер и рум, не е нешто невообичаено, па може да одиме чекор напред со додавање јаболков сајдер наместо вода. Коктелот што се добива има повеќеслојна и попривлечна слаткост.

(1) Топол алкохолен пијалак од јаболко со путер и рум

Топол сајдер од јаболко со рум и путер

Потребни состојки за една шолја:
  • 1 лажица ладна смеса со путер (рецептот е подолу)
  • 45 милилитри темен рум
  • 120 милилитри топол јаболков сајдер
  • Стапче цимет за декорација
Начин на подготовка:

Ставете го путерот на дното од шолјата, па потоа додадете го румот. На крај сипете го топлиот јаболков сајдер и полека мешајте. Украсете со стапче цимет и послужете веднаш.

Смеса со путер

Потребни состојки за 12 пијалаци:
  • 8 супени лажици путер, чуван на собна температура
  • 200 грама кафеав шеќер
  • 1 кафена лажичка цимет
  • ½ кафена лажичка морско оревче
  • ½ кафена лажичка каранфилче
  • Прстофат морска сол
Начин на подготовка:

Во голем сад, со миксер изматете ги заедно путерот, кафеавиот шеќер, зачините и морската сол. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена и мазна. Направете мали парчиња од смесата, завиткајте ги во пергамент хартија и оставете ги 1 час да се оладат.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар