Совршениот маж не постои, но ако е ваш, мора да ги поседува овие особини

Совршениот маж не постои, но ако е ваш, мора да ги поседува овие особини

Кога сте во недоумица и барате љубовен совет од најблиските, првото нешто што ќе го чуете од нив е: „Мора да знаеш што сакаш“. Голем број луѓе, особено младите, не знаат што точно сакаат, но со тек на време, преку искуството, нивната слика за партнерот полека се избиструва и малку по малку почнуваат да разбираат што сакаат, а што не.

Совршениот маж не постои, но ако е ваш, мора да ги поседува овие особини

Ако ве прашаме во овој момент, без да ви дадеме можност да размислите, што барате во еден маж, вашиот одговор несомнено ќе биде тој да е духовит и добар човек. Ова е одговорот што најчесто се слуша како одговор на ова прашање. Но, што навистина значи тој да е добар човек? Според експертите, треба да е доволно морално освестен и едноставно неспособен да ја повреди личноста со која е во врска. Што се однесува до позитивниот став и духовитоста, во денешниот свет тоа е единственото оружје против секојдневните проблеми – па, со ваков човек крај себе, лесно би можеле да се справувате со тешкотиите.

Ако ви дадеме повеќе време да размислите за прашањето, тогаш ќе почнете да набројувате секундарни особини кои би ги сакале, но кои и не мора по секоја цена да бидат присутни. Овие нешта би ве направиле посреќни, иако би можеле да живеете и без нив. Тогаш сигурно би ја спомнале и „хемијата“ помеѓу вас двајца – пеперутките кои се јавуваат во стомакот секогаш кога ќе го здогледате или чуете неговиот глас. Од оваа хемија настанува страста, се согласувате? И тоа е многу важно.

Епа ајде да заокружиме. Иако совршениот маж не постои, секоја жена се стреми кон партнер со следниве карактеристики:

  • Магнетизам, привлечност и страст
  • Добар човек и искрен
  • Образован и амбициозен
  • Забавен и духовит
  • Вреден и трудољубив
  • Културен и љубезен
  • Интелигентен и мудар
  • Со широк спектар на интереси
  • Самосвесен и со голема самодоверба
  • Романтичен и внимателен
  • Социјален и опкружен со пријатели

Дами, ако имате ваков маж крај себе, никако не го испуштајте од своите раце! Ако сè уште го барате, не грижете се, сигурно ве чека зад следниот агол! Можеби би сакале и да додадете некоја карактеристика на оваа листа? Споделете со нас во коментарите…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар