Што значи ако сонувате дека сте ѝ ставиле крај на врската?

Што значи ако сонувате дека сте ѝ ставиле крај на врската?

За многумина, да се доживее прекин на врската во сонот е вистински кошмар. Меѓутоа, луѓето го сонуваат овој сон многу почесто од што мислите. Тоа не значи дека нешто лошо ќе се случи со вашата љубов, туку дека треба да преземете некои работи за да ја зацврстите врската. Сепак, имајте на ум дека понекогаш може да крие и вистински потсвесни желби за раскинување.

1. Сакате промена во животот

Во ниеден случај овој сон не треба да го сфатите буквално. Тоа не значи дека длабоко во себе посакувате да ја прекинете врската. Може да значи дека посакувате некаква промена во животот. Размислете кои работи ве прават среќни, а кои не. Големи се шансите дека промените кои ви се потребни немаат никаква врска со партнерот.

2. Минувате низ криза во врската

Постојат шанси во моментов да имате некои проблеми во врската. Тие ве мачат и вие на овој начин се обидувате да се ослободите од нив во вашиот сон. Можеби се работи за некоја ситница во врската, која моментално ви е на ум. Или пак, за нешто поголемо. Одвојте време и размислете за што точно станува збор. Можеби овој сон ќе ве поттикне да решите некои од проблемите што ги имате.

Доколку после овој сон се чувствувате многу лошо и сметате дека тоа е најлошото нешто што може да ви се случи, тогаш вие се плашите да не бидете оставени од партнерот. Ова е уште една причина зошто треба да ја преиспитате целата ситуација и да го поправите она што можете, барем од ваша страна.

3. Потсвесно посакувате да раскинете

Понекогаш овој сон може да има и буквално значење, па вие длабоко во себе да посакувате раскинување. Меѓутоа немате доволно храброст за тој чекор или не сакате да си признаете. Можеби овој сон ќе ве охрабри, бидејќи не треба да си дозволувате да бидете несреќни и незадоволни. Разговарајте со некого, анализирајте што е тоа што ве мачи и пробајте да бидете цврсти и да донесете одлука до која ќе се држите. Дури и да е нешто радикално, најважно е да пронајдете среќа и задоволство.

Автор: Ана Патриклиева


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар