14 нешта што се случуваат само доколку вашиот партнер ви стане и најдобар пријател

14 нешта што се случуваат само доколку вашиот партнер ви стане и најдобар пријател

Несомнено е дека љубовта е најубавото нешто што може да ви се случи. Таа ве придвижува, ве мотивира, ве поттикнува да бидете подобри. Ниту еднаш нема да се посомневате во количината љубов што ја чувствувате еден кон друг. Среќни и заљубени уживате во врската и ви се чини дека посреќен пар од вас двајца не постои во цел свет. Ако вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар другар, сигурно сте ги доживеале овие работи.

14 нешта што е неизбежно да се случат доколку најдобриот другар ви е партнер

1. Секој бакнеж ќе ви биде како прв

Дали го паметите првиот бакнеж со некој што ви значел? Како пеперутките го исполнија вашиот стомак, а вие мислевте дека ќе пукнете од нервоза, уживање, страв или можеби од сè ова истовремено? И кога тоа конечно се случи овие емоции се заменија со бранови возбуда што течат нив вашите вени? Така ќе биде така при секој бакнеж.

2. Повеќе плачете од среќа отколку од тага

Кога вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар пријател, вие имате сличен вкус за хумор. Ќе се смеете заедно на сè толку многу што дури ќе ви потечат и солзи.

3. Пријатно ви е кога сте заедно

Не ви пречи доколку пред него носите пижами стари со години што веќе изгледаат износено. Не ви е грижа ни доколку косата ви изгледа како птичјо гнездо. Вие се чувствувате пријатно кога сте еден покрај друг и ги носите работите што не би се осудиле да ги носите во јавност.

4. Тишината никогаш не ви е непријатна

Не мора секој заеднички оброк да биде исполнет со разговор. И двајцата можете тивко да си гледате во телефоните без да помислите: „Дали со мене ѝ е досадно?“ или „Дали тој мисли на некоја друга?“ Кога вашиот партнер истовремено е и вашиот најдобар пријател, секоја секунда помината во негово друштво е квалитетно поминато време, дури и во тишина.

5. Тешките моменти ве прават посилни

Кога поврзаноста е силна, никогаш не се чувствувате осамени, дури ни кога ви е најтешко. Кога ви се вика, плаче или едноставно сакате да се исклучите од светот, вашиот партнер ќе ви го чува грбот. Ќе ве остави да го направите тоа што ви треба и секогаш ќе биде до вас за да ги надминете потешкотиите. После тоа вие ќе бидете посилна личност, а истовремено и вашата врска ќе зајакне.

6. Можете да зборувате буквално за сè

Нема ограничувања кога вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар пријател. Никогаш нема да ви здодеат ноќните разговори и филозофирања за кој ќе биде победник на некое кулинарско шоу или нешто слично.

7. Постојат работи кои сте ги споделиле единствено еден со друг

Споделувате одредени нешта само со одбрани луѓе. Некои работи единствено ги споделувате само со една личност и понекогаш таа личност е вашиот партнер. Кога имате длабока поврзаност, довербата се претвора во нешто навистина посебно.

8. Вие сте на истата страница

Секогаш ќе бидете на истата страница со вашиот партнер. Вие ќе ги знаете меѓусебните ставови на најразлични теми во долготрајната врска. Можеби нема секогаш да се согласувате, но секогаш ќе бидете покрај него и да го поддржите или да се повлечете и да го почитувате негово гледиште, доколку не се согласувате.

9. Развивате ваш таен јазик

Вие сте толку долго заедно што речиси можете да си ги читате мислите еден на друг. Толку сте синхронизирани што можете да развиете и ваш таен јазик. За помалку од секунда, со краток поглед кон партнерот вие му кажувате: „Не го купувај тоа.“ „Имаме дома доволно.“ „Немој да го допреш тоа.“ Додека краткото кимнување со глава може да значи: „Во ред, направи го тоа, но за ова ќе разговараме дома“. Другите луѓе можат да ги прават истите движења, но само за вас двајца тие ќе имаат посебно значење.

10. Нема да чувствувате потреба за импресионирање

На првиот состанок сигурно сте се дотерале најубаво, а потоа што и да носите вие ќе си изгледате фасцинантно и подеднакво привлечни како и кога сте многу дотерани.

11. Малите навики ќе ве налутат

Кога сте сами ги правите работите на одреден начин. Кога ќе пронајдете некој посебен, вие внесувате нови навики во вашата рутина и почнувате да сфаќате дека малите нешта можат најмногу да ве нервираат. Постојано гледате влажни пешкири на креветот или чорапи расфрлани насекаде по подот? Кога ќе заврши тоа?

12. Навики кои ве тераат да се чудите како ја најдовте вистинската личност

За секоја навика која ве лути можете да најдете две други што ќе направат да се стопите од љубов. Како на пример, начинот на кој светкаат му очите кога зборуваат за неговите омилени хобија или како ве гушка додека спиете. Во тие моменти ќе се чувствувате како најсреќната личност на светот.

13. Можете да правите меѓусебни шеги на начин на кој никој друг не може

Секако, со добра забава. Кога знаете еден за друг работи што никој друг не ги знае, неизбежна е можноста за меѓусебно задевање.

14. Чувствувате како да нема доволно време во еден ден

Уживате да поминувате време со вашиот партнер и никогаш не ви доволно – на крајот од денот секогаш ви фали повеќе. Денот може да има 100 часови и тие повторно нема да ви бидат доволни. Ќе сакате да го поминете целиот живот заедно.

Дознајте и дали заедничките интереси се клучни за здрава врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар