Што се случува со личноста чие его преовладува?

Што се случува со личноста чие его преовладува?

Некои луѓе имаат проблеми со своето его и, иако сакаат да ги решат тие проблеми, ним сепак не им успева толку лесно. Но, мора да се признае дека егото во многу ситуации може да ви биде пречка на вашиот пат кон среќата и успехот. Важно е личноста да сфати дека не треба да се споредува со другите, како и да ги потценува или пак премногу да ги возвишува останатите. Секој има право да се мери и споредува само со она што бил вчера.

Што се случува со личноста кога преовладува егото?

Зошто ви е потребно тоа его?

Его на латински значи јас. Тоа е сѐ она со што се идентификувате и што мислите дека сте. Всушност, егото е филтер низ кој се гледате себеси, луѓето околу вас и вашето опкружување. Тоа е наследство од минатото со функција да ви помогне да преживеете. Во здрава мера, таа функција ја има и сега: Да ги коригирате грешките, да се однесувате примерно во околностите и слично. Но, како резултат на зголемено или повредено его, личноста станува посвесна за своето опкружување, премногу чувствителна и нервозна. Во такви моменти се појавува самокритичност, негативност, личноста станува нападна, незадоволна, неисполнета и слично. Секој има его и невозможно е тоа да се убие, но зошто е од особена важност редовно да се прашувате дали вие го водите кучето или кучето ве води вас? Ако почне да ве води кучето, тогаш тоа не е добар знак.

Не сфаќајте ништо лично

Сѐ што некој ќе ви каже или нешто ќе направи е обоено со неговата перцепција за стварноста. Прифатете го фактот дека некој има сосема друга слика за вас отколку што имате вие или вашите блиски.

Престанете да ги идеализирате луѓето кои не ги познавате и нивниот пат до успехот

Најчесто кога ќе видите дека некој е успешен, честопати се ставате самите во заблуда дека тој сигурно е роден гениј, дека лесно му било да стигне онаму каде што е, наместо да сфатите дека луѓето кога тргнуваат, сите тргнуваат од иста точка – од нула. Потоа, од таа точка зависи кој како ќе се развива, според тоа колку труд и љубов ќе вложи. Ништо не може да дојде одеднаш, затоа престанете да се заробувате самите во фантазирањето за туѓиот успех и почнете да го креирате својот.

Три пати мери, еднаш сечи

Кога сте опкружени со луѓе во чие друштво ви се буди егото, мора да обрнете внимание на следново. Не зборувајте „на празно“, туку добро размислете за зборовите кои ги изговарате. Зборувајте бавно за да можете подобро да размислете за тоа што ќе го кажете. Најважно е да се запрашате дали тоа што ќе го изговорите има некоја вредност, освен само да се покажете попаметни.

Не се расправајте со глупави луѓе

Не давајте им објаснување на глупавите луѓе и не трудете се да им објасните дека сте во право. Колку и да им објаснувате, вие за нив не сте во право и никогаш нема да бидете, затоа што тие не го сакаат тоа. Нема никаква потреба да се грижите.

Бидете автентични

Ако сте свои и автентични, нема потреба да се нервирате затоа што не сте како некои други. Вие сте она што сте. Можеби вашиот пат е побавен, но вие сте на својата насока и не треба да гледате настрана. Фокусирајте се на својот пат и не разгледувајте наоколу.

Што се случува со личноста кога преовладува егото?

Бидете благодарни

Без благодарноста, никогаш нема да бидете во можност да го замолчите своето его, затоа што тоа ќе сака сѐ повеќе и повеќе. Да бидете благодарни за сѐ она што го имате сега значи да живеете во сегашниот момент и таму не постои его, туку само вистинските вие. Обидете се навечер да запишете или да си кажете 3 работи за кои сте благодарни што ви се случиле тој ден, па брзо ќе забележите промени.

Сфатете дека можете да бидете заменети

Треба да сфатите дека без разлика колку сте убави, добри, познати, успешни и слично, има уште многу луѓе на светот кои ги имаат овие карактеристики, па и повеќе од тоа. Тоа прави да можете да бидете заменети, баш како и сите други.

Престанете да се жалите и да озборувате

Ако немате нешто убаво да кажете за некој или за нешто, подобро молчете. Зборувајте само за оние кои можете да ги пофалите и да ги истакнете како позитивен пример.

Престанете да трчате по совршенството

Совршенството не постои и вие тоа добро го знаете. Без разлика дали сте на работа, дома или некаде на друго место, престанете да се нервирате за тоа што работите не ги извршувате совршено. За во случај да заборавите, треба да се потсетите дека не сте робот!

Како да знаете дали вашето его е истакнато?

Кога егото е големо, личноста постојано се жали од својата судбина, од животот, од шефот, запаѓа во конфликти, станува самокритична, нестрплива, анксиозна и слично. Многу е важно да ги идентификувате овие моменти и да знаете да застанете. Еве кои прашања треба да си ги поставите кога ќе ви се разбуди егото:

  • Дали денес сум подобра личност отколку што бев вчера?
  • Што направив денес за себе, а што за оние кои се помалку среќни од мене?
  • Што направив денес за оние кои имаат помалку во животот отколку јас, оние кои немаат капацитет или оние кои немале доволно охрабрување од околината да изградат некои навики или да развијат одредени таленти?
  • Како денес можам му служам на светот со сите таленти што ги имам?
  • Дали себично ги користам своите таленти или ги делам со другите?
  • Навечер составете список: Што убаво направив денес за другите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар