Шминкерски трикови за истакнување на сите облици на очи

Дали знаете на кој начин најправилно да ги истакнете вашите очи и да го имате тој „фатален“ поглед? На пример, на лицата кои имаат очи во форма на бадем им одговараат сенки во сите бои додека пак на оние со истакнати, заоблени очи им одговараат светли нијанси. Пронајдете се подолу и прочитајте како да го постигнете посакуваниот ефект.

0-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk

Очи во форма на бадем

Овој облик е најдобар бидејќи му одговараат сите нијанси на сенки. Најмногу ќе дојдат до израз со нанесување на јаки сенки на горниот капак или пак само тенка линија со туш во мачкин стил. За визуелно зголемување на очите, се препорачува сенка во три тона. Односно, нанесете светла сенка на делот под веѓите, средно темна на капакот и најтемна нијанса на крајот од окото. Сенчењето ќе привлече внимание на вашите очи и визуелно ќе ги зголеми.

1-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk

Вдлабнат облик на очи

Ќе ги истакнете со нанесување на светли сенки, додека темните би требало да ги избегнувате. Нанесете ги на капакот, додека делот под веѓите нагласете го со нежни топли тонови кои визуелно ќе ги нагласат очите. Погледот ќе го отворат и линија туш или пак молив, но треба да внимавате линијата да биде тенка.

2-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk

Блиско поставени очи

Блиско поставените очи визуелно ќе ги разделат светлите нијанси на сенка во внатрешните агли на очите. Се препорачува да започнете со светла сенка и да ја затемнувате кон крајот на капакот, а со тушот треба да сте премногу внимателни. Најдобро е да го нанесете од средина на капакот кон нанадвор.

455727179JL098_The_Hobbit_T

Широко разделени очи

Широко разделените очи може да се приближат со вистинската нијанса на сенка. Темните тонови би требало да ги нанесете од внатрешноста на окото до средина, а потоа да преминете на посветли. Бојата треба да ја степенувате така што преминот од една нијанса во друга да не биде премногу видлив.

Emerald Green Eye Makeup Tutorial

Издолжени очи

Кај овој тип, капаците се многу мали и изгледа како да се спојуваат со веѓите. За визуелно да се зголемат, нанесете светла сенка под веѓите, а под нив нежен и топол тон на сенка кој ќе биде за нијанса потемен од горниот. Потоа на капакот нанесете ја истата сенка како што ја нанесовте на делот под веѓите, но во вертикални потези со што ќе ги раширите очите.

5-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk

Испакнати очи

За овие очи најдобри се неутралните нијанси на сенка. Се нанесуваат на долната линија на капакот за да се сврти вниманието од горниот кон долниот дел на очите. Тушот или моливот треба да ги избегнувате. Наместо нив се препорачуваат вештачки трепки.

6-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk

Спуштени капаци

Спуштените веѓи создаваат сенка на очите па темните тонови на сенка се препорачува да ги избегнувате. Користете светла сенка и линија со туш во мачка стил. Моливот или тушот треба лесно да го подигнете нагоре за капаците визуелно да се подигнат, а погледот да се отвори.

7-shminkerski-trikovi-za-istaknuvanje-na-site-oblici-na-ochi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар