Сè што правите влијае врз вас

Сè што правите влијае врз вас

Секој мал детаљ од нашата околина може да има влијание врз нашите избори и однесувања. Често не сме свесни за овие детали и начинот на кој тие влијаат врз нас, бидејќи сè се случува под површината на нашиот свесен ум.

Сè што правите влијае врз васИсто како што можеме да го видиме само врвот на сантата мраз која плови по океанот, така гледаме само мало делче од она што всушност се случува внатре во нашиот ум додека донесуваме некоја одлука. Забележувањето на овие несвесни влијанија може да ви овозможи подлабоко сфаќање на функционирањето на вашиот ум, како и на одредени ситуациски фактори кои можат да го променат начинот на кој размислувате и се однесувате.

Постојат различни видови несвесни влијанија кои можат да го сменат начинот на кој се однесуваме, но најинтересните примери вклучуваат:

  • Олимписките натпреварувачи и тимови кои носат црвена боја почесто победуваат. (Студија)
  • Мажите кои се експерти во шах почесто преземаат ризични потези кога противникот им е атрактивна жена. (Студија)
  • Доколку вклучите сијалица пред да започнете со решавање на одреден проблем, тоа може да ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата. (Студија)
  • Луѓето на кои им биле покажувани предмети поврзани со бизнис, како на пример актовка, со тек на време станувале понатпреварувачки настроени. (Студија)
  • Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои со себе носат кутија за гитара. (Студија)
  • Луѓето со име Ким, Кели и Кен донирале повеќе за жртвите на ураганот Катрина, отколку за жртвите на ураганот Рита. (Од книгата „Drunk Tank Pink“)
  • Луѓето имаат тенденција да донираат повеќе доколку видат фотографија со 2 очи закачена на ѕидот од просторијата. (Студија)
  • Темнината поттикнува неискреност и однесување кое е насочено повеќе кон себе. (Студија)
  • Луѓето кои конструирале реченици со зборовите „заборавен“, „ќелав“ или „сиво“, по задачата излегувале многу побавно од просторијата за испитување, бидејќи употребувале реченици кои се поврзуваат со нешто „бавно“. (Студија)
  • Присуството на пиштол може да охрабри агресивни мисли и однесувања. (Студија)
  • Борачите кои се насмеани на фотографии сликани непосредно пред нивниот натпревар, имаат поголеми шанси да бидат сфатени како послаби противници и да изгубат. (Студија)

Сите овие примери ни покажуваат колку мали промени во нашата околина можат да доведат до драматични промени во нашите мисли и однесувања. И покрај тоа што никогаш нема да можеме целосно да ги разбереме сите детали во одредени ситуации кои влијаат на нас, можеме постепено да стануваме посвесни за овие суптилни знаци и да се обидеме да го претвориме нивното негативно влијание врз нас во нешто позитивно.

Неколку начини на кои можете да го подобрите својот одговор на овие несвесни влијанија се:

  • Обрнете повеќе внимание на новите истражувања кои излегуваат од оваа област.
  • Медитирајте и применувајте различни видови техники за поттикнување на свесноста.
  • Обидете се да преземете контрола врз вашата околина – додајте позитивно влијание на вашиот ден, така што ќе ги намалувате негативните влијанија.
  • Не полудувајте размислувајќи за сите детали во вашата околина, бидејќи во преголеми количини, ова однесување може да премине во опсесија.

Многу луѓе сакаат да веруваат дека се комплетно свесни за сите нешта кои ги прават, но истражувањата јасно ни покажуваат дека ретко кога сме свесни за буквално сите работи кои на некој начин ни влијаат и нè менуваат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар