Самотниците се најлојалните и најинтелигентните луѓе што некогаш ќе ги запознаете

Иако повеќето луѓе неуморно се обидуваат да најдат група поединци со слични интереси, ставови и стилови на облекување, постојат и такви кои сакаат да се изолираат. Тие не страдаат од стравот дека ќе пропуштат нешто и со задоволство ги пропуштаат работите што ги сметаат за безначајни.

Самотниците се најлојалните и најинтелигентните луѓе што некогаш ќе ги запознаете

Осаменоста нема никаква врска со самотијата. Всушност, станува збор за две сосема различни работи. Личноста која се чувствува осамено не е самотник, туку токму спротивното. Самотниците одбираат да бидат осамени во најголемиот број случаи.

Доколку имате пријател кој е самотник, треба да се чувствувате привилегирани. Овие луѓе немаат превисоко мислење за себе, туку се многу приземни и реалистични. Токму затоа тие секогаш добро размислуваат при изборот на пријатели. Постојано прават анализи и тонат во длабоки мисли додека уживаат во самотијата која најчесто ја претпочитаат.

Самотниците не сакаат површни разговори и озборувања и затоа ги одбегнуваат повеќето луѓе кои се опседнати со баналности. Овој интелектуален пристап кон животот им помага подобро да ги разберат луѓето околу нив и начинот на кој тие функционираат.

Постојат два типа самотници: Екстровертни и интровертни самотници. Двата типа се различни во смисла на начинот на кој се однесуваат во друштвото што сами си го одбираат, но и двата претпочитаат ист тип луѓе.

Екстровертните самотници со леснотија комуницираат со оние со кои сакаат да воспостават контакт. Не им е проблем да остварат здрава и богата комуникација со луѓето и не се чувствуваат непријатно во гужви. Меѓутоа, овие луѓе одбрале да бидат самотници бидејќи не сакаат да се дружат со никого. Тие попрво би го поминале животот сами отколку да бидат опкружени со лажливци и површни умови. Лесно е да се разговара со нив, но секогаш се држат на дистанца со доза на здрава резерва. Ако успеете да се зближите со екстровертниот самотник, со сигурност сте поминале низа тестови за кои не сте ни свесни. Еднаш кога ќе влезете во срцето на самотникот, ќе добиете пријател за цел живот.

Самотниците се најлојалните и најинтелигентните луѓе што некогаш ќе ги запознаете

Интровертните самотници се сосема друга приказна. Не им се допаѓаат големите групи на луѓе и гужвите и претпочитаат да поминуваат време на тивки и мирни места. Нивната идеална замисла за дружење подразбира мал број на луѓе во чие присуство се чувствуваат пријатно. Овие луѓе нема да ги сретнете на концерти и забави. Тие сакаат да поминуваат време во затворени места и се дружат со луѓе кои не се напорни и арогантни. Ако имате пријател кој е интровертен самотник, тоа значи дека тој се чувствува пријатно и слободно во ваше присуство. Им се допаѓаат луѓето со кои можат да се поврзат на интелектуално и емоционално ниво.

И двата типа самотници ја ценат интелигенцијата и искрената емоција. Тие не се спријателуваат лесно, но доколку ги имате за пријатели, тоа значи дека ја имате таа привилегија да имате пријатели кои се лојални, доверливи и подготвени целосно да се предадат на вашето пријателство.

Но, доколку еднаш ги разочарате, може да ги изгубите засекогаш. Најдобро е да бидете целосно искрени со нив дури и да сте згрешиле. Ако сте разочарале самотник, тоа значи дека сте биле неискрени и арогантни. Чувајте ги самотниците во вашиот живот, а ако вие сте едни од нив, треба да се гордеете со тоа. Поседувате многу квалитети и позитивни карактеристики кои ве прават прекрасни луѓе и одлични пријатели.

Во продолжение прочитајте како да знаете дали имате стара душа.

This error message is only visible to WordPress admins

Error: API requests are being delayed for this account. New posts will not be retrieved.

There may be an issue with the Instagram access token that you are using. Your server might also be unable to connect to Instagram at this time.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар