Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од неделата

Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од неделата

Рефлексијата е главен клуч за прогресија. Одговарајќи на овие прашања, ќе си го организирате остварувањето на вашите соништа, цели и потреби.

Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од секоја недела

1. Што научив изминатава недела?

Ако имате проблем при одговарање на ова прашање, време е за промена. Без разлика колку години имате, не заборавајте дека секој ден треба да учите по нешто ново.

2. Што беше моето најголемо достигнување минатата недела?

Погледнувајќи им на достигнувањата во очи, на здрав начин го подигнувате нивото на својата самодоверба и задоволство. Исто така, тоа е ефикасен начин да го следите сопствениот прогрес.

3. Кој миг од изминатава недела длабоко се врежа во моето сеќавање и зошто?

Тоа може да го отвори вашиот ум и да увидите нови страсти и цели кои ќе сакате да ги постигнете.

4. Која е најважната работа која сакам да ја остварам во неделата која следува?

Сè друго треба да има споредна важност во однос на оваа работа која ќе ја определите како најважна. Секако, и други работи ќе излезат приоритетни, но важно е да не заборавате споредните да ги третирате како такви.

5. Што можам да направам за неделава која следува да ми биде помалку стресна од претходната?

Ставете си потсетници во календарот, исперете ги валканите алишта, наполнете го резервоарот со бензин. Организирајте се навреме за неделата што следува.

6. Со што се борев изминатава недела, а може да ми влијае и наредната?

Идејата на ова прашање е да се соочите со работите кои не ви оделе од рака.

7. Што ми одзеде многу време изминатата недела?

Не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието од важните работи.

8. Дали носам дополнителен товар кој можам да го оставам во наредната недела?

Елиминирајте го непотребното и фокусирајте се на најважното. Ако треба, поставете си и физички бариери пред она што ви го одвлекува вниманието.

9. Што е тоа што го избегнував, а треба да го исполнам следната недела?

На лист напишете ги тие работи. Уште од понеделник запоочнете со нивно исполнување.

10. Кои работи сè уште можам да ги направам?

Ако нешто сакате да направите и имате можност за тоа, работете на случајот да го остварите во текот на оваа недела.

11. Дали со некого планирав да разговарам, а не го направив тоа?

Редовната комуникација може да ги реши проблемите. Секогаш отворено комуницирајте со најблиските.

12. Дали има некој што заслужува едно големо „Благодарам“?

Размислете дали има луѓе кои оваа недела ви помогнале. Не дозволувајте тоа да остане незабележано од ваша страна. Еве како да се заблагодарите.

13. Како можам да му помогнам некому следнава недела?

Помогнете им на другите кога им е потребна помош. Тие ќе се сетат да ви помогнат кога помошта вам ќе ви биде потребна.

14. Кои се моите 3 најбитни цели кои треба да ги остварам наредните 3 години?

Никогаш нема да имате личен прогрес ако не си поставите реални цели.

15. Дали некои од моите активности ме доведоа поблиску до остварување на моите цели?

Ако одговорот е не, некои работи треба да се променат.

16. Кој е мојот следен чекор за остварување на секоја цел?

Ако го знаете следниот чекор, полесно ќе ја остварите вашата желба во целост.

17. На што се радувам однапред?

Тоа може да е некаков настан, средба или обврска која може да ве мотивира. Ако немате нешто такво во план, преземете нешто – испланирајте.

18. Кои се моите стравови?

Свесно прифатете ги вашите стравови и постепено почнете да работите на нивно совладување. Не загризувајте преголеми залаци. Сè е во малите чекори.

19. За што сум најмногу благодарен?

Добро е да имате претстава за ова и никогаш да не дозволите да заборавите да гледате од таа перспектива.

20. Ако знам дека имам уште една недела да живеам, на што ќе ја потрошам?

Животот е краток. Поминете повеќе време со луѓето кои ги сакате.

Одвојувајте по 30 минути секоја недела и одговарајте ги овие прашања. Правете го тоа полека, во мирна околина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Koneska Sonja Reply

    Mi se dopadnaa prashanjata i ako sekoj odvoi malku vreme da si gi postavi i odgovori, mislam deka dobro k’e se sooc’i so samiot sebe i k’e poraboti na kvalitetot na svoeto z’iveenje.

  2. Koneska Sonja Reply

    Osobeno mi se bendisaa trite posledni prashanja 18,19, i 20 a ma i porakata : Ne zagrizuvaj golemi zalaci; Se e vo malite c’ekori. pozdrav…..

  3. Саше Reply

    Што треба да направам за да бидам губитник? http://sasogorgijevski.blogspot.com/

Напиши одговор на Koneska Sonja Откажи одговор