Поминете го Денот на вљубените како вистинска Французинка

Секој ден во Париз, или во кој било друг дел од романтичната Франција, делува како сценарио од бајките, но мора да признаете дека Денот на вљубените звучи како совршен датум за да ја бакнете вашата сакана личност под Ајфеловата кула. И додека фантазирате за градот на светлината, ние решивме да ви покажеме како префинетите Французинки и вечни заводнички се подготвуваат за овој ден. Погледнете ги овие 7 совети кои ќе ви покажат како да се претворите во вистинска Парижанка.

Како да го поминете Денот на заљубените како една Французинка

Бидете подготвени

Подготвувањето за Денот на заљубените почнува уште од моментот кога ќе ги отворите очите, ќе облечете фустан и ќе отидете до првата пекара да купите кроасан и кафе. Запаметете дека Французинките секогаш се подготвени, затоа што никогаш не се знае кој може да сретнат зад аголот – можеби токму тоа да биде нивната судбинска средба и Денот на заљубените да почне на најдобар можен начин. Мотото на тамошните жени е: „Никогаш не дозволувајте да не бидете подготвени“.

Имајте повеќе избори

За момчињата треба да размислувате како за колачи: Тие се вкусни, но не е доволен само еден залак за да го засити вашиот апетит. Морате да пробате и ванила и чоколадо и портокал, за да знаете кој има најдобар вкус. Брижит Бардо во една прилика изјавила: „Можеби ќе ме нарекуваат грешница, но јас сум во мир со самата себе.“ Затоа, само напред. Не запирајте се себеси ако нешто ви одговара или нешто навистина сакате. Па, нели е Денот на вљубените!

Не се опседнувајте премногу

Без оглед на тоа дали сте во кратка или долга врска, или пак сте сингл, треба да запаметите дека ова е комерцијален празник! Не е важно ако ова вечер ја поминете сами, без својата сакана личност. Иако ова е ден за заљубените души, не е единствен кога треба да ја ширите љубовта!

Како да го поминете Денот на заљубените како една Французинка

Изедете ги сите слатки работи

Слободно поминете го Денот на заљубените во најдобро друштво, со најдобри слатки работи. Запаметете, тоа е дозволено на овој ден. Заборавете на линијата и диетите и дозволете си себеси да паднете во светот на чоколадата. Бидете креативни, па спакувајте го омиленото чоколадо на најромантичен начин и подарете ѝ го на саканата личност.

Нахранете ја својата фантазија

Кога станува збор за Денот на вљубените, можете да одберете некоја секси долна облека, а и да ги исполните сите свои желби, како и желбите на вашиот партнер. Направете го овој ден вреден за паметење!

Блескајте

За да блескате секој ден, па дури и на Денот на вљубените, неопходно е пред сѐ да се обожавате себеси, па и работите околу вас. Правете го она што ви одговара, без оглед на тоа дали станува збор за коктел со вашите пријатели, партнерот, па дури и вечер помината со вашиот миленик. Угодувајте си себеси. Ако плановите за Денот на вљубените ви пропаднаа, тоа не значи дека треба да бидете сами и очајни. Французинките сигурно би отишле сами во некој бар, би си купиле пијалак или би организирале ноќно пливање во некој луксузен хотел.

Ризикувајте

Кетрин Денев во една прилика изјавила: „Ако се обидувате да измерите каква ќе ви биде иднината, никогаш нема да се осмелите да ризикувате во сегашноста.“ А, тоа не е секогаш добро! Во некои ситуации ви е потребно барем малку ризик за да ги свртите работите во своја корист. Овој ден направете нешто што никогаш претходно не сте го направиле. Веќе долго време ви се допаѓа некое момче? Испратете му порака или подарок и привлечете го неговото внимание. Сите средства се дозволени!

Како да го поминете Денот на заљубените како една Французинка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар