9 совети што Карл Саган ве охрабрува да ги запомните пред да поверувате во нешто

9 совети што Карл Саган ве охрабрува да ги запомните пред да поверувате во нешто

Сигурно го знаете познатиот научник и филозоф кој помогна науката да допре до пошироките маси. Во една од неговите книги тој дава совети за прифаќање нови идеи. Ако некоја идеја го помине овој „тест“, во ред е да ја прифатите, но немојте слепо да верувате во неа. Погледнете ги 9-те прашања кои тој ве охрабрува да си ги поставите.

9-prashanja-koi-karl-sagan-ve-ohrabruva-da-gi-postavite-pred-da-veruvate-vo-neshto-kafepauza.mk

1. Секогаш кога е возможно треба да има независно потврдување на „фактите“.

2. Поддржете ја дебатата во врска со доказите користејќи знаење од повеќе гледни точки.

3. Аргументите од авторитетите не мора секогаш да се точни – „авторитетите“ правеле грешки во минатото, па сигурно ќе згрешат пак и во иднината. Можеби е најдобро да се каже дека во науката не постојат авторитети, само експерти.

4. Разгледајте повеќе од една хипотеза. Ако нешто треба да се објасни, размислете за сите начини на кои тоа може да се објасни. Потоа размислете за тестови што ќе ги отфрлат грешните објаснувања и хипотезата која ќе „преживее“ има најголеми шанси да биде точна.

5. Немојте да се приврзувате за некоја претпоставка само затоа што е ваша. Таа е само станица на патувањето кон знаењето. Споредете ја со други претпоставки. Размислете дали има причина да сте грешка, а ако не го направите тоа некој друг сигурно ќе го направи.

6. Ако она што го објаснувате има некоја мерка, некоја бројна вредност, многу полесно ќе го објасните ако го користите тоа. Она што баш и не може да се измери, многу често е отворено кон нови објаснувања.

7. Ако има неколку алки во расправата, секоја алка треба да функционира, не само повеќето.

8. Кога ќе се соочите со две хипотези, секогаш одберете ја поедноставната.

9. Секогаш прашувајте се дали хипотезата може да биде грешна. Пропорциите што не можат да се тестираат обично не вредат многу. Земете ја предвид идејата дека нашиот универзум е само елементарна честичка – на пример електрон, во многу поголем космос. Но ако не можеме да најдеме информации надвор од нашиот универзум, како ќе знаеме дека хипотезата сигурно е точна?

Прочитајте и неколку цитати од Карл Саган.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар