10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер

Многумина уживаат да го прославуваат Денот на вљубените и се во потрага по некои интересни и креативни начини за да го изненадат својот партнер. Освен вообичаените активности кои повеќето ги практикуваат, погледнете и неколку необични и забавни идеи со чијашто помош можете да го направите овој ден вреден за помнење.

10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер

1. Подгответе ја неговата омилена вечера. Не мора да трошите еден куп пари за да уживате во заедничкото присуство. Подгответе му го омилениот оброк, а исто така направете и некој десерт. Ова е и забавно и романтично, а и ќе имате можност да зборувате и да се чувствувате поблиски.

2. Направете романтични фотографии. Наместо да се фотографирате како и вообичаено, денес бидете поразлични и посетете го местото каде што прв пат сте се запознале или пак одете на некое друго место кое има посебно значење за вас и направете нови заеднички спомени.

3. Направете си еден на друг романтична плејлиста. Наместо да бидете поврзани со технологијата цела вечер, можете да се договорите со вашиот партнер да си направите плејлиста со романтични песни. Така, снимете ги на ЦД и уживајте заедно во меѓусебниот избор.

4. Гледајте романтичен филм. Изберете некој филм кој и на двајцата ви се допаѓа, а атмосферата надополнете ја со омилената ужина. Не пропуштајте покрај себе да имате и некој пијалак и топло ќебе.

5. Сокријте романтични подароци и оставете го вашиот партнер да ги наоѓа. Направете го позабавен Денот на вљубените така што ќе сокриете неколку креативни подароци, па потоа ќе му оставите пораки на вашиот партнер по кои треба да се води за да ги открива скриените „богатства“. На крај, уживајте заедно во конечниот резултат!

10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер

6. Гответе заедно во домашна атмосфера. Наместо да излегувате и да трошите пари во ресторани, одлучете и двајцата да го прифатите предизвикот на готвењето. Покажете ги своите кулинарски способности, а потоа, како заслужен одмор, запалете свеќи и релаксирајте се во топла бања.

7. Играјте некоја игра. Уште една идеја која може да ја искористите доколку останувате дома, е да играјте некоја игра. Без разлика колку време ќе ви треба за да ја завршите, вечерта е само за вас. Обложете се, па на крај исплатете ја вашата „казна“.

8. Изградете „куќичка“ од ќебиња. Потсетете се на детството и играјте си со ќебињата така што ќе направите повеќе интересни „соби“. Секогаш е добра идеја да останете во топла атмосфера, помеѓу ќебињата кои нудат удобност.

9. Испланирајте авантура на отворено. Во зависност од тоа какво е времето во вашето место на живеење, не е лоша идејата и да испланирате нешто надвор од вашиот дом. Ако има снег, можете да се лизгате или да правите некои Снешко. Ако времето е тивко и мирно, тогаш можете да шетате, да фотографирате и слично.

10. Посетете неколку значајни локации во вашиот град. Шетањето во други градови или пак, држави може да ве чини многу пари. Па, ако не сте решиле да заминете некаде надвор од вашиот град, можете да прошетате и да посетите значајни места заедно, па така да дознаете нешто повеќе и за вашите желби и интереси.

10 креативни активности за Денот на вљубените кои ќе ве зближат повеќе со вашиот партнер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар