По долга пауза, бившото момче повторно ве бара? Ова се можните причини за тој чекор

Веќе подолго време не сте се чуле со бившото момче и конечно го надминавте болното раскинување. Неговото име повеќе не ви поминува низ глава и конечно сте среќни, сами со себе. Сѐ до моментот кога баш тоа име ќе се појави на екранот од вашиот телефон. Зошто ве бара сега? Дали се работи за обична порака или пак, се крие нешто зад неа – најверојатно ова се прашањата кои веднаш си ги поставувате. Прочитајте ги во продолжение четирите можни причини кои го натерале да ве побара…

По долга тишина, бившото момче повторно те бара? Ова се можните причини за тој чекор

1. Сфатил колку сте му важна

После сѐ, конечно сфатил колку му значите. Му недостасувате и сака повторно да се видите. Можеби сфатил колку ве сака откако ве изгубил. Можеби имал многу време за добро да размисли, па сфатил колку сте му важна. Во овој случај, треба добро да размислите што сакате. Прашајте се дали сѐ уште го љубите и дали заслужува уште една шанса. Разговарајте со него за сето ова откако ќе бидете целосно сигурни во својата одлука. Сепак, можеби вие двајца сте еден за друг.

2. Се чувствува осамено

Ако се чувствува осамено и ви пишува, тоа е така бидејќи му треба некој што ќе направи тој да се чувствува подобро. Звучи грубо, но тоа е вистината. Тој сака да биде сигурен дека, колку и да му е тешко, секогаш ќе ве има вас. Имено, никој не сака да биде сам, па така ни тој. Меѓутоа, како да препознаете дека се работи за осаменост? Можеби се наоѓа во некоја минлива фаза, па бара стабилност. Можеби раскинал со последната девојка, останал без работа или планира да се пресели. Во новите животни околности, луѓето често бараат „стари работи“ на кои можат да се потпрат. Таа „стара работа“ сте вие.

3. Досадно му е

Понекогаш од досада се прават неважни работи, колку да помине времето. Ако досадата е искомбинирана со нечие его кое бара потврда за самиот себе, тогаш ќе се случи следното – нова порака од бившото момче. Можеби знае колку сте го сакале, па затоа е самоуверен дека може да ви пише. Едноставно затоа што нема попаметна работа. Но, првенствено затоа што е сигурен дека ќе му кажете нешто убаво, нешто што ќе му го нахрани егото. Сѐ додека не исчезне повторно…

4. Едноставно помислил на вас

Иако звучи чудно, ова може да се случи. Не сте раскинале на лош начин, туку во тој момент сте заклучиле дека не си одговарате повеќе. Секако дека раскинувањето болело, но сега сте свесни дека раскинувањето било вистинскиот избор. Во секој случај, не сте се разделиле со кавга и сѐ уште сте си важни еден на друг. Па, нема ништо лошо во тоа доколку помислил на вас и решил да ве побара за да ве праша како сте. Баш така – ништо.

Раскинувањата не се лесни, па затоа прочитајте и како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар