Како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

Дали сте сосема сигурни дека вашиот партнер не е личноста за вас? Дали сте очајни да откриете дали го правите вистинското нешто? Дали сте целосно свесни дека ако не го направите ова правилно, другата личност ќе биде повредена? Иако раскинувањето е болно, сепак можете да го направите без жалење, а во продолжение погледнете како.

Како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

1. Осигурете се дека сте го дале најдоброто

Пред да се одлучите на крај, важно е да бидете свесни дека сте направиле сè што е во ваша моќ за врската да функционира. Многу луѓе раскинуваат без вистински да се потрудат за врската. Си заминуваат бидејќи партнерот не ги сфаќал нивните чувства или бидејќи им било проблем да излегуваат со пријателите.

Но што ако под сето ова се крие нешто за коешто вреди да се борите? Што ако вашиот партнер не ги разбира вашите чувства, но ве сака толку многу што би сакал да му помогнете да ја поправи оваа грешка?

Пред да донесете одлука за раскинување, осигурете се дека не го правите тоа поради некој површен проблем. Копајте длабоко, разговарајте со партнерот за нештата што ви претставуваат проблем и размислете дали можете да ги решите.

2. Раскинете за вистинските причини

Важно е да знаете дека раскинувате поради вистинските причини. Доколку ѝ ставате крај на врската бидејќи во вашиот живот се појавила нова личност, не правете го ова. Без разлика колку неверојатно ви изгледа оваа нова личност, нема секогаш да биде така.

Доколку ѝ ставате крај на врската бидејќи така ви рекле пријателите или семејството, не правете го тоа. Ова е ваша врска и само вие можете да одлучите дали треба да ѝ ставите крај.

Доколку ѝ ставате крај на врската бидејќи партнерот не заработува доволно или слуша чудна музика, не правете го ова. Само затоа што некој не ги исполнува идеалите на општеството, не значи дека не е доволно добар за вас.

Осигурете се дека раскинувате за вистинските причини, дека сте размислиле добро и дека оваа личност навистина не е добра за вас. Доколку не го направите тоа, подоцна ќе зажалите.

3. Не станувајте дух

Ако сакате да ѝ ставите крај на врската и да се чувствувате добро после тоа, немојте да исчезнувате.

Игнорирањето денес е навистина лесно – и мажите и жените исчезнуваат од животот на партнерот без никаков збор. Без разлика дали се исплашени да се соочат со партнерот или се премногу мрзливи да се справуваат, луѓето едноставно исчезнуваат. Иако можеби на почетокот ова ќе направи да се чувствувате добро, еден ден ќе зажалите.

Ќе ви биде криво што сте покажале непочитување кон некого и што длабоко сте го повредиле. Штом ќе почнете да игнорирате некого, не можете да се вратите назад. Засекогаш ќе останете таа личност.

4. Дозволете му на партнерот да го каже своето

Кога раскинувате со некого, важно е да разговарате за вашата одлука. Луѓето сакаат да размислуваат за раскинувањата и дали врската завршила одеднаш, или постепено умирала. Па, важно е да му овозможите на (бившиот) партнер да разговарате за ова. За да не зажалите подоцна, и вие и партнерот кажете што имате да кажете во врска со раскинувањето.

5. Постапувајте како што би сакале да постапат со вас

Најдобриот начин да ѝ ставите крај на врската без да зажалите е да ја третирате личноста како што би сакале да ве третираат вас. Доколку партнерот ви раскинува вам, сигурно би сакале да се однесува со почит и добрина. Сигурно не би сакале да исчезне или да зборува зад вашиот грб. Ќе сакате да го кажете вашиот дел за да можете да го преболите.

Па, пред да раскинете, размислете како би се чувствувале вие, како раскинувањето би ви било најудобно и овозможете ѝ го тоа на другата личност.

За крајот на врската да биде колку-толку добар, важно е да размислите како ќе раскинете. Жалењето и чувството на вина што ќе се појават доколку не сте фер кон бившиот партнер, можат да траат засекогаш.

Па, осигурете се дека не се откажувате пребрзо, дека нема да исчезнете, дека раскинувате поради вистинските причини и дозволете ѝ на другата личност да го каже своето. На овој начин ќе можете да продолжите понатаму и ќе му помогнете на бившиот партнер полесно да ја преболи разделбата.

Доколку навистина ѝ ставивте крај на врската, погледнете што не смеете да правите по раскинувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар