Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да си помогнете со некој од домашните лекови. Постојат голем број рецепти кои навистина не помагаат, но овие пет домашни лекови вреди да се пробаат, бидејќи ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.

1. Пилешка супа

Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Оваа супа помага при настинки и веќе има долга традиција како дополнителен лек во вакви случаи. Пилешката супа е популарно предјадење во ладните месеци, а поради содржината на електролити и други хранливи состојки, помага при респираторните проблеми и настинките, особено кога се јаде топла.

2. Сода бикарбона

Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Ги смирува дигестивните тегоби, а веќе многу фармацевтски компании произведуваат таблетки со сода бикарбона, за пациентите да можат правилно да ја дозираат количината. Делува така што го неутрализира вишокот желудочна киселина, но и го алкализира организмот.

3. Мед

Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Освен ако сте алергични, медот може да помогне да ја смирите кашлицата и болките во грлото. Можете да го консумирате самостојно, но и во чај или млеко. Многу од комерцијалните сирупи против кашлица се базирани токму на медот.

4. Лак за нокти

Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Можеби никогаш не сте ни претпоставиле, но лакот за нокти може да помогне кога ќе ве касне инсект. Нанесете тенок слој врз каснатото место, за да спречите иритација и чешање.

5. Маслиново масло

Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

Многумина го препорачуваат загреаното маслиново масло како лек за болки во увото, а има и такви кои го испробале и тврдат дека делува. Сепак, наш совет за во вакви ситуации е да не експериментирате, туку веднаш да одите кај лекар доколку имате болка во увото.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар