Откријте како да влијаете на вашето расположение со помош на боите

Нашата перцепција за боите е определена од обичаите, традицијата и од самата природа. За повеќето бои ние веќе имаме развиено концепт во главата и ги поврзуваме со она на што нè асоцираат. Така на пример, црвената боја ја поврзуваме со страст или лутина, зелената со љубомора, белата со мир и среќа. Имајќи го тоа на ум, изборот на вашата денешна модна комбинација може многу да придонесе за подобрување на вашето расположение и за тоа каков впечаток оставате кај другите луѓе.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Црвена

Црвената боја отсекогаш била симбол на храброст и смелост. Црвената модна комбинација ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе направи да се истакнете во толпата луѓе. На многу места во светот, црвената боја се смета за боја на недозволената страст и сексуалност. Тоа не важи за Индија каде традиционалниот невестински фустан е во црвена боја. Не можете да погрешите со класичната комбинација на црвено и црно. Но, можете да носите црвено и со бело или беж за да постигнете посуптилен ефект.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Жолта

Жолтата е вистинска пролетна боја која предизвикува позитивни емоции и со чија помош ќе успеете да извлечете насмевка дури и од намуртените лица. Одлично стои во комбинација со различни модни додатоци и разиграни здолништа.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Сина

Сината има сосема спротивен ефект од црвената боја. Во физиолошка смисла, таа го намалува нашиот крвен притисок. Затоа, оваа боја е добра кога сакате да си ги смирите нервите пред некој важен состанок или едноставно да се опуштите по напорниот ден. Сината боја ќе ви помогне да се релаксирате и да оставите позитивен впечаток. Доколку се одлучите за потемни нијанси на сина, убаво е да разбиете монотонија со бела или други светли бои.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Зелена

Оваа боја истовремено смирува, но и дава енергија. Доколку сакате да ја истакнете зелената боја на вашата денешна модна комбинација, употребете додатоци во неутрална боја. Кога станува збор за помалку впечатлива нијанса на зелена, комбинирајте ја со накит или шешир во светла боја. За што и да се одлучите, внимавајте да не претерате!

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Виолетова

Виолетовата боја ќе направи да изгледате поискусно и посамоуверено. Затоа оваа боја е одличен избор ако се двоумите што да облечете за интервјуто за работа. Виолетовите додатоци прават младото лице да делува позрело. Исто така, виолетовата може да ја направи необична дури и најсекојдневната модна комбинација. Одлично оди со пастелни нијанси.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Црна

Оваа боја стои добро секому! Добро познато е дека црната боја прави да изгледате послаби. Облеката во црна боја може да има двоен ефект: Таа може да предизвика чувство на тага или на елеганција. За да бидете сигурни дека црната модна комбинација ќе направи да се чувствувате гламурозно, а не мрачно, ве советуваме да ја разбиете оваа темна боја со некој детаљ во светла боја.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

Портокалова

Портокаловата претставува комбинација од разиграноста на жолтата и сериозноста на црвената боја. Оваа боја се смета за одлична ако ви треба поттик да се активирате и да ја разбудите вашата креативност. Немојте да ја комбинирате со силни и нападни бои. Омекнете ја нејзината впечатливост со ладни, неутрални бои.

Откријате како бојата на облеката влијае на вашето расположение

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар