Тестирајте ја вашата љубов: 5 прашања кои откриваат дали вашата врска е во криза

Тестирајте ја вашата љубов: 5 прашања кои откриваат дали вашата врска е во криза

Раскинувањата можат да бидат многу тешки и болни, но останувањето во лоша врска е многу полошо решение. Па, доколку се сомневате во вашите емоции и одлуки, време е да го направите овој краток тест кој открива дали вашата љубов дошла до својот крај.

Тестирајте ја вашата љубов: 5 прашања кои откриваат дали вашата врска е во криза

1. Како го замислувате совршеното слободно време?

а) Шопинг / спа / излегување со пријателите

б) Сами, во мир и тишина

в) Со партнерот покрај добар филм, на вечера или прошетка низ градот

2. Што би сакале да промените кај вашиот партнер?

а) Да покажува повеќе емоции кон вас и вашето семејство

б) Да е повеќе вклучен во домашните обврски

в) Не би менувале ништо

3. За што размислувате кога имате слободно време, а вашиот партнер не е покрај вас?

а) Конечно имате малку мир и време за себе

б) Однапред сте се договориле со пријателите

в) Ви недостасува, сте сакале нешто заедно да правите

4. Седите со партнерот во дневната соба, на кауч и гледате филм

а) Секој ја заземал најудобната позиција на својата страна и гледате во тишина

б) Вие коментирате и го допирате на шега, а тој постојано се лути и ви вели да молчите

в) Лежите еден покрај друг, малку прегрнати, малку одвоени

5. Кога последен пат искрено ви кажал „те сакам“?

а) Не се сеќавате, но ни вие не сте подобри од него на оваа тема

б) Само во исклучителни ситуации, но тоа е сосема нормално бидејќи и двајцата сте многу зафатени и под стрес

в) Скоро секојдневно ве изненадува и ви ги кажува овие магични зборови

  • Резултати

    Најмногу одговори под А – Ако овие одговори ви се најблиски, тогаш време е добро да размислите за својата врска и иднината со партнерот. Проблемите од овој вид ретко можат да се решат самите од себе и најчесто стануваат сè поголеми и поизразени. Обидете се да разговарате со партнерот што поотворено и поискрено за да можете да откриете дали вашата врска е во криза.

    Најмногу одговори под Б – Вашата врска е во сериозна емоционална криза. Иако чувствувате дека сè уште постои љубов во вас за вашиот партнер, вие не смеете да ги препуштите нештата на случајноста. Врската треба да се негува, а најдобриот начин за тоа е комуникацијата. Разговарајте со партнерот за нештата кои ве мачат и истото нека го направи и тој. Исто така обидете се барем еднаш неделно да организирате време кое ќе биде наменето само за вас и вашето најблиско семејство. Убавите и позитивни заеднички моменти се многу важни за здравата и квалитетна врска.

    Најмногу одговори под В – Сите знаеме дека чувството на луда заљубеност со време поминува, но затоа вистинската љубов поприма сосема нова димензија. Иако заедничкиот живот со оваа личност понекогаш ви носи препреки проследени со несогласувања и расправии, сепак довербата и чувството дека навистина му значите не можат да бидат игнорирани. Вашата врска е цврста и стабилна, па продолжете со комуникацијата, компромисите и разбирањето да ја одржувате на тој начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар