Алармантно: Овие 10 знаци укажуваат на најстрашната болест, затоа обрнете внимание

Овие знаци не се новост за докторите, но многу истражувања покажуваат дека луѓето ги доживуваат како нешто сосема нормално и не им придаваат големо значење. Раното откривање на ракот може да ви го спаси животот, па токму затоа и е многу важно на време да ги препознаете неговите симптоми и брзо да се обратите на доктор за понатамошни испитувања. Бидете мудри и не ги занемарувајте следниве 10 знаци…

Алармантно: Овие 10 знаци укажуваат на најстрашната болест, затоа обрнете внимание

1. Долготрајното кашлање или засипнатост е најчестиот симптом за рак на белите дробови.

2. Промената на белег или бенка е симптом за рак на кожа.

3. Постојаните промени во работата на варењето е симптом за рак на дебелото црево.

4. Раничката која никако не заздравува може да биде симптом за повеќе видови рак, во зависност од тоа каде се наоѓа.

5. Постојаниот проблем со голтањето може да биде знак за рак на грлото.

6. Ненадејното губење килограми е симптом за повеќе видови рак.

7. Постојаните промени во однесувањето на мочниот меур можат да биде симптом за рак на простата и мочниот меур.

8. Необјасниви грутки по телото можат да бидат знак за различни видови рак и болести.

9. Постојаната и необјаснива болка е симптом за повеќе видови рак, во зависност од тоа каде ве боли.

10. Необјаснивото крвавење исто така во зависност од локацијата, може да биде симптом за рак на цревата, грлото на матката и други внатрешни органи.

Погледнете ги и следниве податоци кои покажуваат колкава е стапката на преживување кај најчестите облици на карцином:

Рак на дојка: 96% од жените ја преживуваат првата година, 87% петата година и 78% живеат во следните 10 години.

Рак на кожа: 88% од мажите живеат 5 или повеќе години, додека 92% од жените живеат барем 5 години.

Рак на бели дробови: Само 8% од мажите и 12% од жените живеат 5 или повеќе години.

Рак на простата: Околу 85% од мажите живеат 5 или повеќе години.

Рак на дебело црево: 59% од мажите и 58% од жените живеат 5 или повеќе години.

Истражувањата покажуваат дека дури и оние кои се свесни за симптомите не сакаат да отидат на доктор со цел да избегнат да откријат дека навистина станува збор за рак или пак, мислат дека самите можат да си помогнат многу повеќе. Но, докторите постојано предупредуваат дека еден од најважните фактори за успешно лечење на ракот е раната дијагноза. Не си играјте со вашиот живот и ако сметате дека имате некој од овие симптоми веднаш одете на лекар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар