Нов тренд кој конечно ја турна моторџиската кожна јакна во сенка

Нов тренд кој конечно ја турна моторџиската кожна јакна во сенка

Моторџиската кожна јакна е едно од омилените парчиња облека на секоја девојка, но сега изгледа дека има силна конкуренција. До мината есен, таа беше најчесто гледаниот модел на улиците, но сега сè почесто гледаме малку поинаков модел. Станува збор за малку поширок и поедноставен модел кој ги освои трендсетерките и љубителките на модата.

Зборуваме за кожното сако! Овој удобен и топол модел ќе ја освои есента годинава и без сомнение ќе го гледате насекаде околу вас кога време ќе залади. Кожното сако било актуелно во 90-тите години, и со воодушевување се пречека оваа сезона. Кожното сако лесно се вклопува во лежерни варијанти, но и во елегантни и формални. Тоа навистина изгледа шик.

Најдобро оди со фармерки, панталони, фустани, здолништа… на кратко, тоа оди со сè! Дефинитивно е парче облека во кое треба да се инвестира. Па, ако ве заинтересиравме, инспирирајте се од фотографиите на овие три девојки кои успешно го комбинирале, притоа привлекувајќи ги сите погледи кон нив!

Погледнете ги и овие 3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар