Исповеди: 9 ужасни грешки што ги направиле тату артисти

Исповеди: 9 ужасни грешки што ги направиле тату артисти

Цртањето тетоважа е голема одговорност затоа што она што ќе го нацртате во тој момент останува на кожата засекогаш. Затоа овие грешки кои се објавени на Редит добиваат на тежина.

9 ужасни грешки што ги направиле тату артистите

„Една вечер тетовирав едни пријателки и едната сакаше череп со вкрстени коски. Почнав со една од коските, но таа ме натера да престанам затоа што не можеше да ја издржи болката. Јас престанав и таа сега има недовршена тетоважа која изгледа како да има нацртано мадиња на ногата.“

„Братучед ми беше тату артист неколку години и најмногу работеше во гетото. Една жена дојде со слика од нејзиното мртвородено бебе и сакаше да ѝ го истетовира неговото лице на раката заедно со некој текст. Со оглед на тоа што братучед ми не го доврши средното училиште, нормално е што не знае да спелува. На раката ѝ напиша: ‘God’s little angle’ (Малиот господов агол). Наместо ‘angle’ требало да стои ‘angel’ и да биде ‘Малиот господов ангел’.“

„Побарав 13, а добив 31.“

„Мојот другар е тату артист, и тоа многу добар. Еднаш по еден фестивал реши да си ги истетовира зборовите ‘black platoon’ (црн вод), како што беше името на групата на која припаѓаше. Си ја истетовира сопствената нога и откако ја покажа на сите сфати дека напишал ‘black platton’ (израз кој нема никакво значење). Да кажеш дека беше запрепастен ни приближно не го опишува неговиот израз на лицето кога му укажавме на тоа.“

„Јас не сум тату артист, но еден другар од средно беше многу горд што е Норвежанец и одлучи да си тетовира пиратски брод со норвешкото знаме кое требаше да го покрие поголемиот дел од неговиот грб. Тату артистот ја зафркна работата и наместо тоа му нацрта шведско знаме. Другарот се врати таму и побара знамето да се избои црно. Сега има огромна бесмислена тетоважа на пиратски брод со црно знаме. Ужасна е!“

„Една вообразена девојка што ја знам сакаше тетоважа ‘Jealousy is a curse’ (Љубомората е проклетство) на грбот, но тату артистот напиша ‘Jelasy is a curse’.“

„Мојот другар има тетоважа на вратот ‘Dimond in the rough’ (а требало да биде ‘Diamond in the rough’ – Неизбрусен дијамант).“

„На раката имав пинап девојка која имаше шест прсти, а тоа го забележав дури неколку часа подоцна. Мојот тату артист тоа го претвори во нокт и не знам како ама изгледаше добро. Потоа таа се исуши и бојата која не требаше да остане темна стана црна и девојката изгледаше како машко. Трпев шеги за травестити две години и затоа сега имам риба на местото на девојката.“

„Имав машина за тетовирање во средно школо. Погрешно напишав ‘Independаnt’ (наместо ‘Independent’ – независна) на ногата на моја другарка, па потоа таа мораше да оди кај пописмен тату артист.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар