3 есенски парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода

Класичните есенски модели се носат од година во година, па затоа и ни се исплати да вложиме во нив. Квалитетните парчиња облека ќе направат вашиот стил да остане свеж и впечатлив, дури и по неколку години. Па, доколку сакате да бидете безгрешни при комбинирање на есенските трендови, еве во кои модели треба да инвестирате.

1. Капут

Добриот капут одлично се комбинира со сите есенски модни комбинации. Неговиот строг крој и должината ви овозможуваат моќен и впечатлив изглед, додека истовремено ќе ви даде и елеганција и префинетост.

2. Кожно здолниште

Не мора да бирате само црно кожно здолниште, можете слободно самите да ја одберете бојата. Ако се решите за нешто повесело, оваа сезона доминираат белите и маслинесто зелените кожни здолништа.

3. Чизми до глуждови

Чизмите до глуждови се популарни секоја есен и одлично се вклопуваат во сите модни комбинации. Можете да си играте со боите и дезените, а оваа година најпопуларни се црните и белите модели.

Погледнете ги и овие 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар