Не заборавајте да си ги поставите овие 20 прашања пред доаѓањето на новата година!

Треба да ѝ посакаме добредојде на следната година, да ја исполниме со љубов и радост и да веруваме дека сѐ што даваме, ќе ни се врати дупло повеќе. Пред влезот во Новата година, поставете си ги следниве неколку едноставни прашања…

Не заборавајте да си ги поставите овие 20 прашања пред доаѓањето на новата година!

1. „Што ќе отфрлам од животот?“

2. „Што или кој повеќе не ми одговара?“

3. „Што е тоа што не сакам да го отфрлам, а не ми влијае добро?“

4. „Кои мисли и уверувања припаѓаат на стариот/старата јас?“

5. „На кој начин сум бил/а лош/а кон себе?“

6. „Што ми влијае добро?“

7. „Дали сум подготвен/а да се ослободам од работите што не ми требаат?“

8. „Кои работи во мојот живот се совршени и прекрасни?“

9. „На кој начин се грижам за себе?“

10. „Во која област сум најзадоволен/а?“

11. „Што сакам во мојот живот?“

12. „Какви сакам да бидат овие есен и зима?“

13. „Кого сакам да донесам во мојот свет?“

14. „Како сакам да изгледам?“

15. „Каков имиџ сакам да градам?“

16. „Колку сакам да сум здрав/а?“

17. „Колкав напредок сакам да постигнам?“

18. „Во каков свет сакам да живеам?“

19. „Во кој правец сакам да го насочам мојот духовен живот?“

20. „Колкава љубов сум подготвен/а да доживеам?“

Откако ќе ги одговорите овие прашања, спознајте го вашиот позитивен развој и промена и кажете си ги следниве позитивни афирмации:

  • „Не сум ограничен/а од статистиката, медицинските мислења, времето и телото.“
  • „Јас сум едно со бесконечната мудрост и можностите на самиот универзум.“
  • „Достапно ми е сѐ што е добро, токму овде и токму сега.“
  • „Сѐ што треба да направам е да ја искористам моќта на моите мисли за да го остварам тоа што сакам.“
  • „Ова беше добра година досега и научив многу работи.“
  • „Со љубов ги благословувам сите искуства што ги доживеав и се радувам на благословите што ме очекуваат.“

Пречекајте ја новата година како најдобрата верзија од себе!

Во продолжение прочитајте и зошто заслужувате искрена љубов во 2018-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар