Заслужувате искрена љубов во 2018-та година

Можеби сте биле навистина несреќни во 2017-та година. Сте се впуштале во лоши врски и сте завршувале со токсични луѓе. А тоа се случувало без пауза. Болката била неизмерна, а одбивањето било всадено во вас. Сте го живееле животот во постојана состојба на еуфорична среќа и болка.

zasluzhuvate-iskrena-ljubov-vo-2018-ta-kafepauza.mk

Сте ја одредиле својата вредност врз основа на луѓето кои ве сакале и сте биле навистина скршени кога не ви ги возвраќале чувствата. Сте ги пополнувале празнините со други луѓе и сте паднале во бездна која не ви помогнала. Сте се опкружиле со негативност која сте ја создале во вашиот ум и не сте можеле да се помирите со минатото и да го видите она што е пред вас.

Сте знаеле дека тоа не е правилниот начин на живеење, но ви било премногу тешко. Сè што можело да тргне на лошо, тргнало на лошо. Бил вистински предизвик да се изградите наново од тоа дно и да се соочите со проблемите кои ве терале да бегате од реалноста. Ви било потребно да имате некого, а осаменоста го замаглила вашиот ум. Сте се предале на мрачните мисли дека не можете да бидете сами, па сте се присилиле да најдете привремено друштво. Го прифаќате секое друштво без разлика на последиците.

Сте го одбрале полесниот начин за лекување. Сте го направиле она што сте мислеле дека ќе ве усреќи. Сте престанале да се грижите бидејќи тоа ви изгледало полесно. Во еден момент навистина сте си го уништувале животот. Сте сметале дека повеќе ништо не е важно и дека ве очекуваат само разочарувања.

Но, воопшто не сте биле во право.

Апатијата е за оние без срце и тоа не е начин на живеење. Полошо нешто од несреќа е да не чувствувате ништо. Бидејќи се затворате за да се заштитите, вие ја уништувате секоја ваша шанса за љубов. Оптимизмот е напорна работа, но постојаната негативност само ќе ви наштети. Не е лесно да работите на љубовта кон себе. Да се прифатите себеси значи постојано да работите, но кога ќе го постигнете тоа ќе си бидете навистина благодарни.

Дури и ако ништо нема смисла и сè е погрешно, сепак се имате себеси. Вие сте единствената личност која е секогаш тука за вас. Оваа година можеби била полна со загуби и скршени срца, но лекциите кои сте ги научиле се бесценети. Можеби ви го скршиле срцето, но вие сте научиле како повторно да се изградите од ништо. Оваа година можеби не била вашата најдобра, но сигурно е точка на променување.

Вие сте си ветиле дека во 2018-та ќе бидете поразлични. 2018-та е годината кога ќе научите да го цените и да уживате во вашето друштво. Ќе бидете сопствен навивач наместо да се надевате дека некој друг ќе ве насмее. Ќе одберете да бидете сингл наместо да бидете со погрешната личност. Знаете што сакате и сега треба да си ветите дека нема да се помирите со ништо помалку од она што го заслужувате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар