Ако сакате да ги изнервирате луѓето, кажете им дека имаат моќ да си го сменат животот

Квалитетот на вашиот живот не зависи од она што верувате дека го заслужувате, од вашите способности или пак од она што ви е судено да ви се случи, туку од вашата верба во она што е возможно. Вашата подготвеност да ги смените работите, ќе почне навистина да ги менува.

Ако сакате да ги изнервирате луѓето, кажете им дека имаат моќ да си го сменат животот

Но, луѓето бурно реагираат кога ќе им се предложи идејата дека имаат моќ да си го сменат животот и тоа не е никаква случајност. Ако слушате внимателно, ќе забележите дека луѓето многу повеќе ја бранат својата болка отколку своето достоинство, среќа и потенцијал. Луѓето имаат повеќе изговори за тоа зошто нивната болка е постојана отколку за тоа зошто не е. Токму затоа и не можат да се ослободат од болката.

Кога некој ве малтретира, гневот е природна и здрава реакција. Кога чувствувате болка, вие реагирате на нешто што ве повредува и ако го игнорирате тоа, нема да исчезне. Ако не тагувате по загубата, тоа е исто како никогаш да не сте сакале.

Илузијата лежи во тоа што веруваме дека ако одбереме прошка, ќе ја потиснеме лутината. Ако одбереме надеж, ќе го игнорираме страдањето. Ако заминеме, ќе престанеме да се грижиме. Ако нашата болка не е голема, тоа е исто како да не постои. Ако почнеме да веруваме дека можеме да си го смениме животот, значи дека ја прифаќаме вината за тоа што сме си го уништиле. И токму затоа ги браниме работите што тврдиме дека не ги сакаме.

Ако решите да простите, тоа не значи дека ги оправдувате туѓите постапки. Знаете дека тоа што ви се случило било неправедно, но не мора засекогаш да останете заробени во гневот. Ако ги оставите луѓето кои ги сакате, тоа значи дека ќе продолжите да ги цените преку вашите постапки, а не преку вашата тага. Ако станете свесни дека вие сте одговорни за вашата умствена состојба, тоа не значи дека светот нема да ве повреди или разочара. Ако верувате дека сами си ја бирате среќата, не значи дека секогаш ќе бидете среќни, туку дека не мора да чекате да ви се погодат сите посакувани околности. Самата верба во тоа дека можете да ги промените околностите, ќе почне да ги менува. Тоа ќе ве потсети дека иако она што ви се случува не е секогаш по ваша вина, сепак секогаш е ваш проблем.

Ако решите да се ослободите од негативните мисли, тоа не значи дека ќе ги негирате сите проблеми во светот, туку дека повеќе нема да бидете парализирани. Тоа не значи дека вашата болка не е вистинска, туку дека нема да трае засекогаш.

Не станува збор за нешто ново или за некаква приказна. Не станува збор за одење по линија на помал отпор. Потребно е да имате голема храброст, издржливост, самосвесност и вистинска ментална сила. Потребно е да се предадете.

Истовремено, тоа е наједноставниот избор, бидејќи е единствениот. Единствената варијабла е тоа колку време ќе ви треба за да сфатите и да си дадете надеж. Треба да верувате дека иднината може да биде подобра и дека вие имате моќ да го сторите тоа, не на тој начин што ќе го игнорирате страдањето, туку на тој начин што ќе се соочите со него и ќе го надминете.

За да си го смените животот, време е да сфатите дека вие ја имате моќта да го остварите невозможното.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар