Не двоумете се, туку веднаш заминете на патување заедно со вашиот партнер!

Не двоумете се, туку веднаш заминете на патување заедно со вашиот партнер!

Многумина се прашуваат дали е подобро да заминат на патување заедно со своите пријатели, со партнерот или пак сами. Без разлика кој начин да го одберете, нема да зажалите! Секое од нив има свои предности, забавни моменти и незаборавни доживувања. Сепак, погледнете ги сите убавини на патувањето со вашиот партнер.

1-ne-dvoumete-se-tuku-vednash-zaminete-na-patuvanje-zaedno-so-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

1. Ќе споделите незаборавни моменти

Патувањето сами може да биде едно од највредните, најинспиративните и најсамостојните активности во вашиот живот. Но, патувањето со личноста која ја сакате ќе биде едно од највозбудливите доживувања и најнезаборавните искуства во пронаоѓање и споделување на вашите заеднички интереси.

Патувањето секогаш нè става на тест и ги исполнува нашите животи. Тоа е најдобрата инвестиција којашто може да ја направиме, а кога патуваме со нашата друга половина, таа инвестиција се дуплира. И да, не зборуваме за патувања при кои за цело време ќе престојувате во хотел и нема да излезете од вашата удобна зона, тука за вистински, авантуристички патувања. Кога патувате со вашиот партнер ги збогатувате вашите животи на многу начини. Пишувате заедничка историја, создавате прекрасни моменти и возбудливи авантури на кои секогаш кога ќе се сетите ќе чувствувате топлина и нежност. Врската е создадена за растење и созревање, а истото важи и за патувањата.

2. Ќе откриете делови од неговиот карактер кој не би ги откриле дома

Не е ново дека патувањето нè зајакнува, нè поттурнува да излеземе од нашата удобна зона. Овој фактор предизвикува многу аспекти од нашата личност да излезат на површина, дури и оние кои не сме свесни дека постојат. Одличен начин за меѓусебно да ги откриете и истражите вашите личности е во природа, надвор од вашата удобна зона, кога сите ваши граници се отворени. Ако планирате сериозна врска, тогаш едно авантуристичко патување е одлична идеја.

Обидете се да набљудувате како вашиот сакан реагира на предизвиците, фрустрациите, ненадејната промена на плановите. Забележете како се однесува кога вашиот ранец ќе стане претежок за носење, колку е лут кога вашето возење со воз ќе се откаже или колку е забавен кога ќе види дека прекрасната куќа која сте ја нашле преку интернет во живо изгледа како вистинска депонија. Има многу ситуации коишто ќе ви дадат одличен пример за тоа како би ви изгледал животот со оваа личност.

3. Можете да се проучувате меѓусебно, одново и одново

Ако сте во долгогодишна врска, без разлика дали чувствата ви се „заглавени“ или не, патувањето секогаш ќе ви отвори можности за нивно созревање. Рутината може да убие многу врски. Секојдневниот живот, стресот, работата, напорниот шеф – сето тоа негативно влијае на вас, а сето тоа може да се одложи додека патувате. Па вие ќе бидете како ново платно на кое ќе може да се наслика нова слика.

2-ne-dvoumete-se-tuku-vednash-zaminete-na-patuvanje-zaedno-so-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

4. Заедничкото патување ќе го подобри вашиот интимен живот (вклучувајќи го и сексот)

Недостатокот на сексуален или интимен интерес од страна на вашиот партнер е уште една последица од секојдневниот стрес. Многу парови се оддалечуваат поради недостатокот на интерес до точка од која нема враќање. Ослободете се од досадното секојдневие и препуштете се на авантурата. Тоа не мора да биде долго и скапо патување. Само излезете надвор од вашата спална соба и испробајте нешто ново. Изнајмете колиба на некоја планина и уживајте заедно со вашиот партнер со чаша добро вино покрај каминот. Или можеби треба да впиете сончеви зраци на некоја плажа.

Започнете да патувате и можеби заедно ќе пронајдете некое место во природата во кое заеднички ќе уживате. Не дозволувајте вашиот пламен да згасне. Разгорувајте го тој пламен додека гори, без разлика колку е мал, секогаш постои надеж. Заедничкото патување ви помага да се ослободите од срамежливоста и плашливоста. Започнете ги заедничките авантури.

5. Убаво е да имате друштво за време на долгите патувања

Ох, тие долги патувања со воз или автобус. Чекирања, долги редици и долги паузи на станиците. Тоа се моменти кога ќе си зборувате, едноставно ќе бидете најдобри другари. Сетете се дека ништо повеќе не ги зближува паровите од разговарањето и другарството. Кога ќе разговарате со часови, вие меѓусебно ќе се поврзете, ќе ги споделите вашите очекувања, надежи и соништа.

Многу парови престануваат да комуницираат после неколку години. Тие секојдневно ги извршуваат своите задачи, заборавајќи дека имаат пријател, партнер и најдобар другар до себе. Пополнете ги сите тие здодевни ситуации со разговор и смеа.

6. Ќе стекнете нови пријатели

Убаво е да запознаете луѓе кои делат интереси како вашите. Ќе се сретнете со многу истомисленици. Запознавањето на нови пријатели и други парови кои патуваат, може да ве инспирира на најразлични начини. Може да бидете инспирирани од некој пар кој ја одржува нивната љубов свежа и жестока, и покрај сите непријатности. Учете заедно со останатите кои можеби водат неконвенционален живот. Обидете се да научите нови вештини за одржување на вашата љубов и врска. Паровите коишто патуваат заедно имаат тенденција да останат подолго заедно.

Запомнете дека во која точка и да се наоѓате во овој момент, тоа е резултат на вашите мисли и дела. Започнете да го создавате денес она што сакате утре да расцвета во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар