Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

Пролетта е најубавиот период од годината кога природата се буди, дрвјата цутат и можеме да ја почувствуваме позитивната енергија во воздухот. Преминот од зима во пролет претставува важен период за нашата енергија, бидејќи го отфрламе сето она што ни носело немир и му дозволуваме на нежното ветре да нѐ води сѐ додека не ги рашириме нашите крилја како пеперутка за да покажеме колку сме слободни и подготвени за промени.

Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

Сигурно сте чуле дека пролетта е идеалното годишно време за чистење и ослободување од работите што ви ја трошат енергијата. Но, дали сте знаеле дека пролетта може да ви ги отвори чакрите? Ова годишно време нуди одлична можност за правилен тек на животната енергија во вашето тело. Ова се работите што треба да ги направите за да ги активирате чакрите и да воспоставите хармонија меѓу телото и духот…

1. Воспоставете силна врска со Земјата

Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

Ако обожавате да одгледувате растенија и имате своја градина, тогаш знајте дека на тој начин сте воспоставиле врска со Земјата што има одлично влијание на сите чакри. Пролетта е период кога треба да посадите нови растенија, а нивниот развој и вашата грижа за нив ќе ѝ овозможат на вашата енергија да струи слободно. Треба да ѝ бидеме благодарни на Земјата за сите вкусни и здрави плодови кои ни ги дава, а доколку тие се производ на вашиот труд, тоа ќе ви донесе вистинско уживање и позитивна енергија.

Доколку немате услови за градина или едноставно не сакате да се занимавате со градинарство, тогаш можете да го посадите вашето омилено растение во саксија или да си направите сопствена мала зен градина. Постојат многу начини да воспоставите силна врска со Земјата. Важно е редовно да поминувате време во природа и да гледате како таа се развива, како тече енергијата во неа и на тој начин со сигурност ќе го подобрите здравјето на вашите чакри, особено на коренската која е поврзана со инстинктот и интуицијата.

2. Донирајте од срце

Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

Дали имате вишок работи? Ако одговоривте потврдно, тогаш задолжително ослободете се од работите што не ви требаат на почетокот од пролетта. Почнете со средување на шкафот и издвојте ги парчињата облека кои не ги носите повеќе. Соберете ја сета добро сочувана облека, обувки, книги, играчки и кујнски предмети што не ви се потребни и подарете ги на луѓето на кои навистина ќе им се најдат. Ако можете, рециклирајте ги оние работи што не се во функција. Доколку донирате од срце, тоа ќе ви се врати во форма на добра карма, бидејќи несебичното давање носи позитивна енергија. На тој начин чакрите дополнително се отвораат, а животната енергија тече непрекинато.

Направете ги овие работи за да се наполните со позитивна енергија и започнете ја пролетта на вистински начин!

Во продолжение прочитајте и како да го исчистите вашиот дом од негативна енергија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар