Креативни идеи за украсување велигденски јајца

Креативни идеи за украсување велигденски јајца

Велигденските празници се на прагот. Денес, на Велики Четврток, секоја христијанска домаќинка ги вапсаше првите три велигденски јајца пред изгрејсонце, во црвена боја, која е симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Порано за Велигден се вапсале само црвени јајца. Црвената боја е симбол на радоста и на животот. Денес, секој сака да биде уникатен и препознатлив по нешто, па убаво би било доколку на овој голем христијански празник му дадете ваш личен „шмек“ со уникатно украсување на велигденските јајца.

Обичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот. Доколку сакате на вашите блиски роднини и пријатели да им подарите велигденско јајце со креативен дизајн, ви предлагаме 3 интересни начини на украсување, кои нема да ви одземат многу време за изработка.

1. Цветни велигденски јајца

Креативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е:

  • Боја за јајца во разни бои
  • Тврдо варени јајца
  • Бел оцет
  • Самолеплива хартија во разни бои
  • Мало парче картон
  • Модла во форма на цвет

Како да ги направите: Во неколку чаши сипете зовриена вода и во секоја од нив ставете различна боја за јајца. Потоа сипете 60 мл бел оцет во секоја чаша. Со лажица ставете по едно јајце во секоја чаша. Откако ќе се обојат, ставете ги јајцата на хартиена крпа убаво да се исушат. На картонче нацртајте убав цвет и исечете го со скалпел. Со помош на добиената модла, нацртајте цветови на разнобојната самолеплива хартија. Исечете ги цветовите и залепете ги на велигденските јајца за да им дадете прекрасен „шарен“ изглед.

2. Велигденски јајца со уметнички „шмек“

Креативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е :

  • Хартија за печење
  • Акрилни бои
  • Восочна хартија
  • Јајца
  • Тава

Како да ги направите: Откако ќе се оладат јајцата кои претходно убаво сте ги свариле, во тава постелете хартија за печење и на неа сипете акрилна боја од тубите. Ставете едно јајце во тавата и тркалајте го додека да се обои секаде подеднакво. Повторете ја постапката за останатите јајца, притоа комбинирајќи различни комбинации од бои, за јајцата да ви испаднат пофраерски. Откако ќе завршите со работа, оставете ги јајцата да се исушат на восочна хартија.

3. Велигденски јајца во боите на пролетта

Креативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е:

  • Суви цветови
  • Хартија
  • Дебела книга
  • Лепило
  • Јајца

Како да ги направите: Наберете неколку цвеќиња од вашата градина или купете неколку од цвеќарница. Цветовите откинете ги од дршката, ставете ги на една половина од лист хартија и преклопете ги со другата половина. Така припремени, цветовите ставете ги помеѓу страниците на некоја подебела книга (лексикон, енциклопедија) и оставете ги убаво да се исушат и испеглаат. Исушените цветови со лепило залепете ги на јајцата и ќе добиете фантастичен природен дизајн на вашите велигденски јајца.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар