Колач со црно вино и чоколадо

Колач со црно вино и чоколадо

Неодолива комбинација на чоколадо со алкохол

1-Kolach-so-crno-vino-i-chokolado-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 250 грама брашно
  • 100 грама какао
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче сол
  • 250 грама омекнат путер
  • 200 грама шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 300 мл црвено вино
  • Шеќер во прав, за наросување
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и намрсете го садот за куглоф.
  2. Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата и солта.
  3. Во друг сад со миксер мешајте ги путерот и шеќерот додека добиете пенеста смеса.
  4. Потоа почнете да ги додавате јајцата, едно по едно, додека добро не се измешаат со смесата.
  5. Додајте ја и ванилата и матете уште две минути.
  6. Наизменично додавајте ги сувите состојки и виното во садот сѐ додека добро не се соединат.
  7. Печете околу 45 минути. На крајот наросете го колачот со шеќер во прав и сервирајте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар