Кои се причините поради кои момците сакаат да останат во врска со вас?

Кои се причините поради кои момците сакаат да останат во врска со вас?

Сексот е едноставен. Луѓето постојано физички се привлекуваат и многумина немаат никаков проблем веднаш по запознавањето да ја поминат вечерта заедно. Па, што е тоа што ги прави врските толку тешки и комплицирани? Зошто постојат толку многу слободни девојки кои сѐ уште го бараат Вистинскиот? Доколку сте една од овие девојки, постои веројатност дека сѐ уште не сте научиле што тој бара од една љубовна врска.

Што е тоа што прави момците да сакаат да останат во врска со вас?

1. Давајте му простор

Секоја жена знае дека на мажот му е потребен свој простор. И обратно. Мажите не сакаат кога барате од нив детално да ви го раскажуваат целиот ден, или пак, доколку постојано ги барате на мобилен за да ги прашувате што точно прават во тој момент. Да бидеме реални, и вие на нивно место би полудувале во вакви ситуации.

2. Прифатете го онаков каков што е

Можеби најважното нешто на оваа листа е тоа да можете да го прифатите онаков каков што е. Не се обидувајте да го промените во нешто што едноставно не е. Да, сите ние свесно или несвесно влијаеме врз нашите партнери, но сосема е погрешно доколку се обидуваме од корен да ги промениме. И секако, не заборавајте дека неговото минато не може никако да се промени. Фокусирајте се на личноста која е тој денес.

3. Нека му биде забавно да поминува време со вас

И покрај тоа што не треба да ги менувате вашите интереси и размислувања за никого, сепак треба да им дадете шанса и на неговите замисли за забава. Доколку тој сака да танцува по цели ноќи, одвојувајте време да му правите друштво. Или пак, ако е многу заинтересиран за научната фантастика и ги знае напамет сите филмови и ТВ серии од оваа област, доколку не се запознаете и вие со нив, како би разговарале на неговите омилени теми? Секако доколку и тој не го прави истото за вас, тогаш можеби е подобро да најдете некој со кој имате повеќе заеднички работи.

Што е тоа што прави момците да сакаат да останат во врска со вас?

4. Почитувајте се себеси

Овој совет не само што е добар за во врските, туку и за надвор од нив. Вие не смеете никому да му дозволите да се однесува кон вас како кон ѓубре. Без разлика дали станува збор за вашиот партнер, шеф, пријател или случаен минувач. Мажите не сакаат да бидат во врска со девојка која им дозволува да ја злоупотребуваат. Во тој случај тие ќе си ја завршат својата работа и ќе продолжат понатаму. Без вас. Доколку се почитувате себеси, вие исто така нема да дозволите и да се менувате за некого. Во успешните љубовни врски партнерите се рамноправни.

5. Трудете се

Мажите веднаш го забележуваат вложениот труд во врската. Доколку е доволно само едно несогласување за да посакате да истрчате низ вратата, тогаш тој ќе помисли дека вие веќе сте на пола пат надвор од врската. Потребно е многу време и труд за да постигнете сериозна љубовна врска и доколку не сте подготвени да му покажете дека имате желба тоа да го направите, тогаш тој воопшто нема да ве сфаќа сериозно.

6. Бидете добра личност

Без разлика на она што го гледате на малите екрани, мажите едноставно не сакаат лоши девојки. Секако, тие сакаат жена која се бори за себе и која има голема самодоверба, но доколку удирате кутриња или бркате мали дечиња тогаш тој два пати ќе размисли дали ќе сака да го помине својот живот со вас. Мажите сакаат жени кои имаат топло и грижливо срце.

Што е тоа што прави момците да сакаат да останат во врска со вас?

7. Грижете се за вашиот изглед

Да, изгледот е важен… Но, не онака како што вие мислите. Спротивно на општото верување, мажите не се заинтересирани да имаат „совршена“ жена. Вие не мора да изгледате како супермодел и секојдневно да одите во теретана, но мора да ја одржувате вашата хигиена. Туширајте се редовно, ставајте барем малку шминка и исчешлајте ја косата. Не би сакале да сте во врска со личност која ќе мисли дека сте комплетен хаос.

8. Не ја кријте вашата интелигенција

Да, сите ние сме запознале мажи кои имаат потреба да бидат „попаметните“ во врската. Но, тие се оние кои брзо продолжуваат понатаму. Оној кој е заинтересиран за сериозна врска полна со љубов, почитување и разбирање ќе ја цени вашата интелигенција и ќе биде горд на неа. Во вистинската љубовна врска постои и ментална привлечност покрај физичката. Размислете, кога ќе бидете престари за секс, што друго ви преостанува да правите?

9. Имајте голема самодоверба

Мажите веднаш ги забележуваат жените кои имаат голема самодоверба затоа што знаат дека тие се способни да направат многу работи во нивниот живот. Токму затоа, доколку мислите дека можете нешто да направите, не се однесувајте како да не можете. Бидете горди на своите постигнувања, бидете доследни на вашите соништа и цели и тој веднаш ќе посака да поминува повеќе време со вас. Големата самодоверба е заразна.

Што е тоа што прави момците да сакаат да останат во врска со вас?

10. Бидете независни

Во врската не е важна само неговата независност, туку и вашата. Морате да научите како да ги правите нештата без притоа да се консултирате за секоја ситница со него. Бидете своја личност и не бидете онаа девојка која го губи својот идентитет кога е покрај својот партнер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар