Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење? - Part 2

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?

Најдобро време за јадење здрава ужина е 15 часот

Здравата попладневна ужина може да ја покачи вашата енергија и да ве одржи сити додека да дојде време за вечера. За жал 71% од жените во едно американско истражување признале дека посегнувале по грицки само затоа што се пред нив, а тоа што е пред нив е најчесто кеса полна со чипс, благи колачи, наместо здрава варијанта како зеленчук или овошје. Внимавајте вашата попладневна ужина да нема повеќе од 200 калории, за да не качувате килограми. Предлози за ужина можат да бидат: шака-две јаткасти плодови помешани со суво овошје, свежо овошје, нискокалоричен јогурт, тврдо варени јајца, џус од патлиџан, пуканки и слично.

Идеален момент за пишување важна имејл порака (и чистење на домот) е 16 часот

Нашата телесна температура го достигнува својот максимум во попладневните часови, објаснува Акерман, а тоа значи дека во овој период од денот имаме најдобра координација на движењето на очите и рацете. Ова значи дека во 16 часот луѓето се најспособни за пишување, без притоа да направат многу грешки, па ова е најдобриот час во денот за да го испратите важниот имејл на работа или да ја напишете тешката семинарска задача. Истиот час е погоден и за чистење на вашиот дом, бидејќи благодарение на координацијата на очите и рацете, ќе исчистите подобро и поефикасно.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...

Најдоброто време за спортување е од 16 до 18 часот

Според едно истражување спроведено од страна на колеџот „Вилијам и Мери“ во Вирџинија, САД, најдобри резултати дава вежбањето во периодот 16-18 часот, бидејќи тогаш луѓето се најиздржливи и чувствуваат најмногу енергија. Плус, вечерното вежбање ќе ве натера да јадете поздрава вечера и ќе ве ослободи од стресот кој сте го чувствувале во текот на денот. Доколку сте личност која многу рано си легнува да спие, почнете со вежбање уште во 4 часот, за да има вашето тело време да се релаксира после вежбањето и за да можете да заспиете без никаков проблем.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...

Идеалниот момент за да уживате пиејќи коктел е 17:30 часот

Не за џабе многу кафулиња имаат „after-work“ журки со попусти на алкохолните пијалаци. „Црниот дроб најефикасно ги детоксифицира штетните состојки кои ги има во алкохолот во периодот помеѓу 17 и 18 часот.“ – објаснува Акерман. Ако пиете чаша вино во овој период од денот, може да имате поздрава телесна состојба кога ќе остарете. Според едно истражување објавено во медицинскиот магазин „PLoS Medicine“, ако пиете умерени количини алкохол (една пијачка на ден или помалку) можете да влезете со добро здравје во староста, односно да ги намалите шансите за срцеви проблеми, дијабетес или други хронични болести, како и да избегнете проблеми со менталното и физичкото здравје, кога ќе имате 70 или повеќе години.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Најдоброто време за спортување е од 16 до 18 часот
    хуху мене тренингот ми почнува во 16, а ми трае до 18 :)) епа мило ми е 🙂 хаха

Остави коментар