Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Одбирањето добра ужина, некогаш навистина може да претставува голем проблем. Закуската треба истовремено да ве засити за да може вашето тело нормално да функционира, да не ви го распие главниот оброк и што е најважно, да биде вкусна.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Еве неколку примери за квалитетна ужина, која ќе ги задоволи критериумите на сите, а со сигурност ќе ви помогне да го избегнете ризикот за некое непосакувано кило плус.

Јаболко и путер од кикирики

Комбинацијата од овие две нешта содржи голем број белковини, влакна и маснотии, па така едно јаболко со просечна големина и неколку лажички путер од кикирики навистина би ве заситиле. Бидејќи оваа ужина бара малку повеќе џвакање, мозокот си дава автосугестија дека организмот внесува поголема количина храна.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Овошен јогурт

Овошниот јогурт е секогаш победник. Тој ќе зафати повеќе простор во вашиот желудник, а и ќе му треба подолго време за да се свари. Одберете вкус според вашиот критериум  и уживајте на вашата пауза.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Лубеница

Таа има малку повеќе калории од некои други овошја што можете да ги консумирате, но има предност бидејќи е полна со вода, па така вашиот стомак ќе биде полн, а вие сити.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Протеинска штангла

Протеинските штангли всушност имаат сѐ што ви е потребно за да ве заситат. Богати се со белковини и масти, а во маркетите имате голем избор од нив. Сепак, пред да изедете поголема количина, бидете внимателни и прочитајте на обвивката колку калории содржат.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

Пуканки

Дефинитивно одлична закуска, која понекогаш би била и добра замена за вашата вечера. Волуменски, пуканките зафаќаат поголем простор, а се богати и со белковини.

Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. :):):) Reply

    немам ништо против здравата изхрана, баш напротив – силно ја подржувам и затоа ќе кажам дека се’ што е преработено(хемиски, термички) и содржи бел шеќер е далеку од здраво, па оние кои решиле да се хранат здраво:
    *Овошен јогурт – бришете од листа
    *секое свежо и здраво овошје и зеленчук – ставете го на вашата листа
    -Здравјето не е во скапи намирници, туку во едноставни, секојденвни: овошје, зленчук, здрава вода !
    Браво за статијава :):):)

Остави коментар