Нови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни деца

Според американските педијатари, кравјото млеко, кикириките, јајцата и рибата можат да им се даваат на децата уште од 4-месечна возраст. Причината е што раната изложеност на овие намирници, кои се познати како алергени, можат да спречат несакани алергиски реакции во иднина.

Нови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни деца

Досега важеа правилата дека кравјото млеко им се дава на децата откако ќе наполнат 1 година, јајцата после 2 години, а рибата и кикириките дури после 3 години. Тврдењето на американските педијатари е сосема спротивно од она што досега се применуваше во западната медицина.

Европските правила сè уште не се усогласени со американските, а додека не се случи тоа, лекарите ќе се придржуваат до досегашните правила. Европа сигурно ќе ги промени правилата, но нема да ги примени генерално врз сите пациенти. Ќе се примени индивидуален пристап, со кој ќе се открие што му е навистина потребно на секое дете.

Кога ќе се земе предвид препораката за давање на потенцијални алергени на 4-месечни деца, се поставува прашањето дали може толку рано да се знае дали детето има некаква чувствителност на храна. Експертите имаат посебни методи со кои го утврдуваат нивото на ризик кај малите деца, а таму каде што ќе се покаже потреба, децата се праќаат на тестирања кои можат да се изведат уште кога ќе наполнат 1 месец. Па и во најрана возраст, може точно да се одреди каква храна е најдобра за детето.

Алергиските реакции на храна најчесто се јавуваат во почетниот период од животот. Кај децата, покрај алергијата на протеините од кравјо млеко, најчесто се појавува алергија на јајца, кикирики и брашно. Кај децата помлади од 3 години, најчеста е алергијата на протеините од кравјото млеко. Во 80% од случаите, алергијата исчезнува до 5-тата година. Од друга страна, алергијата на кикирики се повлекува во само 20% од случаите.

Погледнете и кои видови здрава храна не смеете да им ги давате на децата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар