Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

Негата на косата, на лицето и на телото треба да биде дел од вашата секојдневна рутина. На некои жени не им е тешко секој ден да си посветуваат по неколку минути за себе и да се негуваат, но има и жени кои немаат време и постојано нешто ги спречува да се грижат за себе. Ако се пронајдовте меѓу овие вториве, веројатно сега се нервирате. Празниците се ближат, а вашата коса е сува и безживотна, лицето ви е уморно и вашето тело е отечено. За среќа, овие мали трикови ќе ви помогнат да заблескате на новогодишната ноќ, а што е најважно, можете да се негувате и да го направите сето ова во вашиот топол дом.

Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

Утринска детоксикација

За поздрав почеток на денот, веднаш по будењето напијте се две чаши млака вода (не топла од бојлер, туку затоплете ја посебно) за да го стимулирате метаболизмот и да ги активирате сите внатрешни органи да функционираат подобро. Топлата вода го хидрира целото тело и помага да се отстранат токсините.

Лосион за убава и сјајна коса

Исцедете еден лимон преку газа или преку густа цедалка. Исцедениот сок растворете го во половина литар млака вода и користете го по секое миење на косата, без плакнење.

Рицинусово масло за раст на веѓите и трепките

За густина, волумен и брз раст на трепките, натопете ги со рицинусово масло секоја вечер пред спиење. Рицинусово масло го забрзува растот на трепките и на веѓите.

Мед за хидрирани усни

Мачкајте ги усните со мед секое утро и секоја вечер. Медот треба да стои на усните неколку минути за да ги хидрира.

Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

Пилинг за мазна кожа на лицето, на вратот и на деколтето

Измешајте две лажички мед со една лажичка шеќер. Нанесете го пилингот на лицето, на вратот и на деколтето. Со нежни движења, масирајте ја кожата и продолжете со нежна масажа следните десет минути. Потоа исплакнете со млака вода. Користете го овој пилинг двапати неделно.

Пилинг за целото тело

Измешајте 100 грама пченкарен гриз со две лажици бадемово и една лажица маслиново масло. Намачкајте го целото тело со оваа смеса и масирајте ја кожата со брзи движења. Овој пилинг ќе ја забрза циркулацијата, ќе ја нахрани вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите клетки од нејзината површина. Користете го двапати неделно.

Маска за убави и мазни дланки

Измешајте една лажичка глицерин со една лажичка мед. Нанесувајте ја маската на вашите дланки секоја вечер, а потоа ставете тенки памучни ракавици и оставете ја да стои во текот на ноќта. Следното утро, измијте ги рацете со нежен течен сапун и исплакнете ги со млака вода.

Како да заблескате на новогодишната ноќ: План за нега од глава до пети

Детоксикација преку стапалата

Во текот на вечерните часови, истурете 50 грама сода бикарбона во када со млака вода, а потоа натопете ги стапалата и чувајте ги во водата околу половина час. Потоа избришете ги нозете и измасирајте ги со малку кокосово масло. Се препорачува да ја правите оваа детоксикација барем еднаш неделно.

За уморни и отечени нозе

На крајот на секој ден, туширајте ги нозете наизменично со топла и ладна вода. На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата, крвта ќе циркулира побрзо, а телото ќе прима повеќе кислород.

Лимон против испукани пети

Навечер, по туширањето, намачкајте ги петите со сок од лимон и облечете тенки памучни чорапи за да може да има најдобар ефект. Повторувајте го овој процес на секои два или три дена.

Прочитајте кои купки ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар