Како да станете подобра личност без воопшто да се трудите?

Понекогаш ситниците, оние малите нешта кои никој не ги забележува, се токму тие кои можат да ве дефинираат како личност. Едноставно треба да одвоите малку време и да се насочите кон себе доколку сакате да станете подобра личност. Погледнете ги следниве 4 начини на кои можете да го сторите тоа, без воопшто да се трудите…

Како да станете подобра личност без воопшто да се трудите?

1. Направете нешто позитивно за себе

Едно од најдобрите нешта кои можете да ги направите за човештвото е да се грижите за себе. Имајте на ум дека доколку вие имате лош ден, постои некој човек на оваа планета кој го има најдобриот ден во својот живот. Па, зошто оваа мисла да не ви служи како инспирација и вие да го подобрите вашиот ден? Прочитајте инспиративен цитат и потсетете се дека дури и во најлошите времиња постои нешто добро. Како што велат, светлината секогаш се наоѓа на крајот од тунелот.

2. Не ги чувајте комплиментите во себе

Луѓето многу често ги земаат своите пријатели здраво за готово. Не постои сомнеж дека вие го мислите најдоброто за вашите најблиски, но понекогаш добро е доколку и со зборови го искажете тоа. Пофалете ги за нивниот успех или пак, за добро завршената работа. Можете дури и да им дадете комплимент за новиот часовник или за чевлите. Не го чувајте во себе восхитот кој го чувствувате за нив. Дури и едноставната порака која гласи: „Еј, те сакам“ може многу позитивно да влијае на вашиот однос.

3. Правете ги нештата без да очекувате ништо за возврат

Најлошото во овој модерен начин на живеење е тоа што сите ние сме научиле да очекуваме нешто за возврат за нашите дела. Скоро сè што правиме може да се сведе на листата „Што добивам јас од ова?“ Зошто? Сите ние се бориме под истите соѕвездија. Вам не ви е потребна причина за добро дело. Кога се ослободувате од идеја дека некој мора да направи нешто за вас, добивате чувство на слобода кое ви овозможува да направите апсолутно сè.

4. Размислете за вашите дела

Еден од најмоќните чекори кои можеме да ги направиме во нашиот живот е доколку размислиме пред да делуваме. Доволни ви се само 10 секунди да се запрашате како вашите зборови или дела ќе влијаат врз другите или пак, врз светот. Би се изненадиле колку различни начини на реагирање би откриле. Вие можете да ги поминете следните 60 секунди од вашиот живот во бесцелно или несоодветно повредување на друга личност или самите себеси, или можете да ја претворите оваа минута во момент кој ќе вреди. Тоа е ваше време, ваше однесување и ваши последици. Бидете мудри.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар