Како да останете мотивирани на работното место кое не ви се допаѓа?

Зарем не би било прекрасно кога веднаш би ја добиле работата и кариерата од соништата која ги исполнува сите забелешки од нашата листа на желби? За жал, во реалноста работите функционираат малку поинаку, бидејќи повеќето од нас мораат да работат работи кои нѐ исцрпуваат. Но, сето тоа е дел од процесот со кој си обезбедуваме добра работна и професионална биографија. Без оглед на тоа колку обесхрабрувачко може да биде работењето на место кое не ни се допаѓа, сепак може многу да ни помогне да сфатиме што е тоа што навистина го бараме и сакаме и да ни помогне да напредуваме кон тоа.

Како да останете мотивирани на работното место кое не ви се допаѓа?

Обидете се да глумите дека работата ви се допаѓа, сѐ додека не успеете да се убедите во тоа

Најлошото нешто што можете да го направите ако не ви се допаѓа работата која моментално ја работите е да го покажете тоа. Доколку оваа работа е само отскочна даска кон постигнувањето успех и работата од вашите соништа, тогаш треба да дадете сѐ од себе и да ја сработите на најдобар можен начин. Така ќе направите репутација на посветен и вреден работник и ќе го подобрите сопствениот став за себе. Затоа, главата горе, насмевка на лицето и само напред.

Истражувајте други можности

Доколку работите нешто што не ви се допаѓа, лесно можете да се почувствувате неинспирирано и како да ви недостасува предизвик. Сепак, треба да ги преземете работите во свои раце и да пронајдете начин да се чувствувате задоволно и исполнето на крајот на работниот ден. Истражувањето на други можности е најдобриот начин да го направите тоа. Прашајте го својот шеф дали постои некој нов проект или задача која можете да ја сработите или уште подобро, предложете своја идеја или предлог за нешто ново што би користело за компанијата, а за вас би било добар предизвик. Доколку тоа е неизводливо во вашата фирма, тогаш побарајте нешто надвор од тие четири ѕида. Волонтирајте или придружете се на некоја професионална организација. Истражувајте и сигурно ќе пронајдете нешто за себе.

Одвојте го слободното време од работата

Разбирливо е дека вашата работа зафаќа голем дел од вашиот ден и живот, но кога почнувате да работите, потрудете се да го оставите својот приватен живот зад себе. Не дозволувајте работата да ви го окупира и држи вниманието и по завршувањето на работното време. Со ваквото однесување само дополнително ќе го отежнете заминувањето во канцеларија наредниот ден. Бидете позитивни и пронајдете мотивација. Утре е нов ден.

Направете листа

Колку и да звучи клише, предвидливо и повторливо, сепак позитивното размислување е пресудно доколку сакате да останете на работата која ве обесхрабрува и демотивира. Најдобриот начин да размислувате позитивно е да ги запишете сите ситници кои ви се допаѓаат во моменталната работа. Чувајте ја таа листа при рака и прочитајте ја во оние моменти кога ќе се чувствувате фрустрирано и нервозно. Тоа ќе ве потсети на сите предности и ведри страни на вашата работа и секако ќе го одвлече вашето внимание од негативните мисли. Доколку работите нешто што не ви се допаѓа, сетете се дека не сте единствени. Скоро секој имал или има барем една таква работа. Клучот е во сѐ што правите да го покажете вашето најдобро и работите сами ќе се наредат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар