Како да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?

Како да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?

Вниманието е навистина одлично. Ни помага да дознаеме кои сме и ни кажува дека вредиме. Последниве неколку години ни кажуваат да ја истакнуваме нашата уникатност и да ја славиме аурата на нашите души. Со ова изобилство од искажување луѓето почнуваат да прават што било за да го добијат вниманието што го заслужуваат. Но без да знаете што мислат другите, можете да почнете да се сомневате во себе и да почнете да се адаптирате.

Како да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?

Многу е полесно да му пристапите на офлајн вниманието. Доколку забележите дека партнерот ве игнорира, веднаш ќе разговарате за тоа и ќе го решите проблемот. Онлајн просторот не е логичен и сигурно нема да им праќате пораки на стотиците онлајн пријатели за да ги прашате зошто не ви коментираат на објавите.

Луѓето се убедени дека го покажуваат нивното вистинско лице и дека треба да бидат прифатени од другите. Но дури и кога го покажувате вистинското лице, не го добивате посакуваното внимание. Сепак, важно е да не реагирате на тој фидбек бидејќи најчесто не е важен. Немојте да го менувате вашето вистинско јас само за привлекување внимание на социјалните мрежи. Погледнете како да го направите тоа.

1. Дознајте ја вашата онлајн цел

Одвојте неколку минути и запишете што точно очекувате да добиете од онлајн вклучувањето и зошто би направиле нешто во врска со тоа. Оваа рефлексија ќе ви помогне да ги откриете вистинските емоционални причини за вашата желба да бидете онлајн. Некои од најчестите причини се:

  • Поврзување со блиски пријателите
  • Споделување на вашите мисли со светот преку убави слики/видеа/зборови
  • Развој на вашиот бизнис

Поретките причини вклучуваат:

  • Осаменост
  • Здодевност
  • Одвлекување на вниманието од другите аспекти од вашиот живот

2. Дозволете му на пријател да ве фотографира

Селфи фотографиите ќе останат уште долго и луѓето сакаат да го знаат лицето зад вашиот онлајн профил. Но дали знаете дека 36% од луѓето признале дека ги подобруваат нивните фотографии со разни софтвери, а ова го прават и дел од оние кои не признале.

Ако спаѓате во оваа група или ако се обидувате да направите совршена селфи фотографија, зошто да не се обидете да објавите фотографија што ја направил некој друг? Сигурно нема да ви се допаѓа, но ќе ја прифатите. Важно е да престанете да се грижите што мислат другите за вас.

3. Не ја заборавајте вашата цел

Многу луѓе започнале со цел да инспирираат, да учат или да се поврзат. Сакале да промовираат здравје, среќа и да го променат светот. Неколку месеци се држеле до својата мисија, но по некое време имало промена. Промената може да настане во еден момент. Нешто едноставно како фотографија со помалку облека може да привлече многу повеќе внимание. Ова внимание прави да се чувствувате добро, па почнувате да споделувате фотографии што ја покажуваат таа страна од вас.

Секогаш бидете свесни за вашата публика и за пораката што сакате да ја пренесете. Секое привлекување внимание е лесно, но само вистинското ќе ве направи среќни.

4. Исклучете ги известувањата

Сигурно ви се случило нешто вакво. Сте испланирале патување со пријателот. Денот бил одличен и полн со смеа и незаборавни искуства. Но, сте се одлучиле да го споделите искуството онлајн и тогаш денот завршил. Сега постојано ги чекате новите известувања од вашиот профил. Секоја платформа овозможува исклучување на известувањата, па пробајте да го направите тоа уште денес.

5. Најдете нови начини да се покажете

Луѓето се неверојатни суштества и никогаш немале повеќе можности за искажување – пишување, танцување, пеење, правење видеа… На што и да помислите, сигурно постои апликација или социјална мрежа каде што можете да го споделите.

6. Обрнете им внимание на офлајн врските

Кога последен пат сте побарале некој стар пријател во живо? Постојат две прашања што треба да си ги поставите пред следната средба:

  • Како можам да ја направам средбата незаборавна за него?
  • Има ли зборувано за нешто во коешто можам да му помогнам?

Целта не е да ги мразите онлајн врските, туку да разберете кои сте додека ги користите. Почнете да го покажувате вашето вистинско лице и дозволете му да заблеска. Ако се обидувате да ги задоволите другите со менување на вашите вредности, секогаш ќе имате лоши резултати. Ако сакате да ве видат, бидете свои.

Дали знаете како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар