Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума има позитивно влијание на нашиот имунитет

Шетајќи низ шума, барем еднаш во животот, сигурно сте уживале во убавините на прекрасната природа. Поради тоа, многумина одбираат да живеат во шуми или во нивна близина. Секој слободен момент луѓето го користат да заминат до најблиската планина. Некои се дуеи и поекстремни, па се одлучуваат на далечни патувања во егзотичните прашуми во Јужна Америка, како оние во Костарика или Еквадор. Шумите имаат специфична енергија во себе која на човекот му дава посебна сила и мир. Научници од Јапонија откриле дека тамошната традиција којашто се нарекува Шинри-иоку или „капење во шума“ има силно влијание врз луѓето, а причините за тоа се од биохемиска природа. Имено, научниците откриле дека престојот во шума го подобрува нашиот имунитет, којшто е важен за спречување на појава на ракот или други хронични болести.

(2) Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума го штити два месеца нашиот имунитет

Како се случува таквото влијание на шумата врз организмот на човекот?

Кога научниците ги тестирале луѓето пред и по двочасовната прошетка во шума, кај осум од девет испитаници, пронашле 50 проценти и повеќе T-клетки. Имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност и имале јасни мисли. Шумските дрвја и билките емитуваат антимикробни органски материи, кои се нарекуваат фитоциди, за да се изборат против габите и бактериите, кои можат да бидат проблем за здравјето на нашиот организам, а ниту дрвјата и растенијата не ги сакаат. Шумските стебла се стари стотици или илјадници години. Дрвјата и другите билки ја усовршиле заштитата, односно спојувањето на материите кои ги убиваат штетниците.

(1) Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума го штити два месеца нашиот имунитет

Кога човекот се шета низ шума, се соединува со овие компоненти, а ефектот од една таква прошетка трае околу два месеца. Замислете си дека додека се шетате низ шумата, вие се капете во нејзиниот природен имунитет. Токму затоа не чекајте и искористете го викендов кој следува за мирна прошетка во некоја од околните (или подалечните) шуми!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар